Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hosea 9

:
Macedonian - 2006
1 Не радувај се, Израеле, со преголема веселба како другите народи, зашто блудствуваш, откако отстапи од својот Бог и ги засака даровите од блуд по сите житни гумна.
2 Гумното и кацата нема да ги на­хранат, а виното ќе ги измами.
3 Тие нема веќе да живеат во земјата Господова: Ефрем ќе се врати во Еги­пет и во Асирија ќе јадат нечисто.
4 Нема да вршат преливи со вино за Господ, и неугодни ќе Му бидат жртви­те нивни; лебот ќе им биде како леб на нажалени: сите што ќе го јадат, ќе се осквернуваат, зашто нивниот леб е само за душите нивни, а во домот Господов тој нема да се внесе.
5 Што ќе правиш во деновите на соби­рите и во деновите на празниците Гос­подови?
6 Зашто сите ќе си заминат пред запустувањето; Египет ќе ги прибере, Мемфис ќе ги погребе; нивните сребрени драгоцености коприви ќе ги прекријат, во шаторите нивни ќе обраснат трнливи грмушки.
7 Дојдоа деновите на твојата казна, дојдоа деновите за одмазда. Нека раз­бере Израел дека е глупав претска­жувачот, безумен е оној што изјавува дека е вдахновен, поради многуте ваши беззаконија и големата омраза.
8 Бог ме испрати како пророк, за да го предупредам Неговиот народ Израел. Но тие насекаде мрежа ми поставуваат, дури и во Божјиот дом му се противат на пророкот.
9 Многу ниско паднаа, останаа раз­вратни како во деновите на Гива; но Тој ќе се присети за нивните беззаконија, ќе ги казни за нивните гревови.
10 Како грозје во пустина го најдов Израел; како ран плод на смоква, ги видов Јас татковците нивни, но тие отидоа кај Ваал-Пеор и се оддадоа на срамни работи, па и самите станаа нечисти како и нивните љубимци.
11 Славата на Ефрем ќе одлета како птица; нема да има кај нив ни раѓање, ни бременост, ниту зачнување.
12 Па макар и да одгледаат деца свои, Јас ќе ги одземам; зашто тешко ним, кога ќе ги оставам.
13 Ефрем е како да го гледам Тир, се поставил на убаво место; но Ефрем ќе ги изведе децата свои на клање.
14 Дај им, Господи, а што да им да­деш? Дај им утроба што не раѓа, и суви гради.
15 Сето зло им е во Гилгал; таму ги замразив Јас поради нивните лоши дела; ќе ги изгонам од Мојот дом, нема повеќе да ги сакам; сите нивни кнезови се отстапници.
16 Поразен е Ефрем; се исуши коре­нот нивни плод нема да имаат; и ако родат, Јас ќе го умртвам нивниот сакан плод во утробата нивна.
17 Ќе ги отфрли мојот Бог, зашто тие не Го послушаа, па затоа ќе скитаат меѓу народите.