Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hosea 6

:
Macedonian - 2006
1 Ќе велат: „Ајде да се вратиме кај Господ, зашто Тој нѐ рани и Тој ќе нѐ исцели, нѐ удри и ќе ни ги преврзе раните наши;
2 ќе нѐ оживее за два дена, а во третиот ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред лицето Негово.
3 И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; а Тој сигурно ќе дој­де кај нас, како утрена зора, ќе ни дојде како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја натопи земјата.“
4 Што да правам со тебе, Ефреме? Што да правам со тебе, Јудо? Вашата љубов кон Мене е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува.
5 Затоа Јас ги судев преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја. А тоа што го барам од вас е јасно како светлина.
6 Јас повеќе сакам милост, отколку жртва, и познавање на Бога, а не жртва сепаленица.
7 А тие, како Адам, го прекршија за­ветот, и таму Ме изневерија.
8 Галаад е град на беззаконици, полн со траги од крв.
9 Свештениците се здружени разбој­ници, тие убиваат по патот за Сихем, срамни работи вршат.
10 Во домот Израелов гледам ужасни работи; таму Ефрем блудствува, Изра­ел се осквернува.
11 И за тебе, Јудо, е определена казна кога ќе го повратам од ропство Мојот народ.