Hosea 11
1 Кога Израел беше млад, Јас го сакав и од Египет го повикав како Мој син.
2 Но колку повеќе ги повикував, толку повеќе се оддалечуваа од Мене, принесуваа жртви на Вааловци и им кадеа на идоли.
3 Јас Самиот го учев Ефрем да оди, го носев на рацете Свои, а тие не сфаќаа дека се грижев за нив.
4 Ги привлекував со нежност и со љубов, и Јас бев за нив како оној, што ја олабавува уздата од устата нивна, и кротко им подавав храна.
5 Тие ќе се вратат во Египет; Ашур — ќе му биде цар, зашто тие не посакаа да се вратат кај Мене.
6 И меч ќе беснее по нивниот град, ќе ги уништи неговите заштитници, и ќе ги проголта поради нивните сплетки.
7 Народот Мој е наклонет кон отстапување од Мене. Кон Севишниот повикуваат, но никој не им помага.
8 Како да те дадам, Ефреме? Како да те предадам, Израеле? Како да те направам како Адма? Да ти направам како што му направив на Цевоим? Срцето Ми се вознемирува, затреперува утробата Моја од жалост.
9 Нема да постапам според јароста на гневот Свој, и нема да го истребам Ефрем, зашто Јас сум Бог, а не човек, Светец меѓу вас; Јас нема веќе во гнев да доаѓам.
10 По Господа тие ќе одат. Како лав ќе го издигне Тој гласот Свој, ќе го пушти гласот Свој — и ќе побрзаат кон Него синовите од запад,
11 ќе полетаат од Египет како птици, и од Асирија — како гулаби, и ќе ги населам во домовите нивни, вели Господ.