Hebrews 82006

1А најважното од ова што го збо­руваме, е дека имаме таков Прво­свештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата,

2и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек.

3Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа бе­ше потребно и Тој да има што да прине­се.

4Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свеш­теници што принесуваат дарови по За­конот

5и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше ски­нијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше по­ка­жан на планината.“

6А сега Тој доби толку подобра служ­ба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.

7Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара втор.

8Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат денови, вели Господ, и со домот Из­ра­елов и со домот Јудин ќе склучам нов завет,

9но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, — зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.

10Но овој е заветот што ќе му го да­дам на домот Израелов во оние дни, ве­ли Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

11И ниеден нема да го учи својот бли­жен, и ниеден братот свој: ‚Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат,

12бидејќи ќе бидам милостив кон нив­ните неправди, а за гревовите и беззако­нијата нивни нема веќе да си спомнувам.“

13А кога вели „нов завет“, првиот го направи застарен; а она што е старо и застарено, близу е до исчезнување.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Hebrews 8.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.