Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hebrews 7

:
Macedonian - 2006
1 Тој Мелхиседек беше цар салимски, свештеник на Севишниот Бог, кој го пресретна Авраам, кога се враќа­ше од борбата со царевите, и го благос­лови,
2 кому и Авраам му даде десеток од сѐ, и кој по значењето на името негово е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот.
3 Без татко, без мајка, без род, немаше ниту почеток на дните, ниту крај на животот и, по таков начин, е подобен на Синот Божји, и останува вечен свеш­теник.
4 Гледате ли колку е голем оној кому прататкото Авраам му даде десеток од најдобриот плен!
5 Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед да земаат по Законот десеток од народот, односно од браќата свои, иако и тие произлегле од бедрата Авраамови.
6 Но тој, кој не му припаѓаше на на­шиот род, зеде десеток од Авраам и го благослови оној што беше примил ветувања.
7 Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од пого­ле­ми­от.
8 Така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму Оној, за Кого има све­доштво дека е жив.
9 И, така да речам, Левиј, кој прима десетоци, и сам даде десеток преку Авраам,
10 бидејќи уште беше во бедрата на татко си кога го сретна Мелхиседек.
11 Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свеш­тенство, бидејќи врз основа на него на­родот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседек, наместо по чинот на Арон?
12 Зашто, кога ќе се промени свештенството, тогаш се јавува потреба да се из­мени и законот.
13 А Оној за Кого се зборува ова, се вбројува во друго колено, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот;
14 зашто е познато дека Господ наш произлезе од Јуда, а за свештенството од ова колено Мојсеј ништо не рекол.
15 И уште појасно станува тоа кога се воздига слично на Мелхиседек друг свештеник,
16 Кој станал таков не по силата на те­лесна заповед, туку по силата на веч­ни­от живот.
17 Зашто се посведочи: „Ти си вечен свештеник по чинот на Мелхиседек.“
18 А, пак, одменувањето на по­ра­неш­ната заповед се изврши поради тоа што таа беше слаба и бесполезна,
19 зашто Законот ништо не доведува до совршенство; а се воведе подобра на­деж, преку која се приближуваме до Бо­га.
20 Тоа беше потврдено со заклетва.
21 Зашто оние беа станале свештеници без заклетва, а Тој со заклетва, преку Оној Кој Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: ‚Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.‘“
22 Затоа Исус стана залог на толку по­добар завет.
23 А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден;
24 а Тој, бидејќи живее вечно, има свештенство што нема да мине на друг.
25 Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив.
26 Таков Првосвештеник и ни треба­ше: свет, непорочен, неосквернет, од­во­ен од грешниците и возвишен над небесата.
27 Кој нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Тој го изврши тоа еднаш засекогаш, откако Сам Себе се принесе како жртва.
28 Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе што се немоќни; а сло­вото на клетвата што е по Законот Синот, Кој е вечно совршен.