Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hebrews 6

:
Macedonian - 2006
1 Затоа да го оставиме почетното учење за Христос и да се стремиме кон совршенство, да не ја поставуваме одново основата: покајанието од мртви дела и верата во Бога,
2 науката за крштавањето, ракополагањето, воскресението на мртвите и вечниот суд.
3 И ова ќе го направиме, ако допушти Бог.
4 Зашто оние кои еднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух,
5 и, откако вкусија од убавата Божја реч и од силите на идниот век,
6 а потоа отпаднаа, не е можно повторно да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси Го распнуваат Синот Божји и Го хулат.
7 Зашто земјата, која го впива дождот што често паѓа на неа и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов;
8 а онаа што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството кое завршува со изгорување.
9 Од вас, возљубени, ние очекуваме нешто подобро и спасително, иако така зборуваме.
10 Зашто Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот на љу­бовта што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите.
11 А ние сакаме секој од вас да ја по­кажува истата усрдност за одржување на полната надеж докрај,
12 та да не станете мрзливи, туку да ги следите оние кои преку вера и трпение ги добиваат ветувањата.
13 Бог, кога му ветуваше на Авраам, бидејќи немаше ништо поголемо во што би се заколнал, се заколна во Себе,
14 велејќи: „Навистина ќе те благословам и ќе те размножам и преумножам.“
15 И така, со долготрпение тој го доби ветеното.
16 Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и заклетвата како потврда на секоја нивна препирка става крај.
17 Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше јасно да им ја по­ка­же Својата неизменлива волја, посведо­чи со клетва,
18 та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои прибегнуваме да се прифатиме за надежта што ни е дадена,
19 а која е за нашата душа цврста и си­гурна котва, и кој влегува дури зад за­ве­сата,
20 каде што Исус за нас влезе најна­пред, откако стана вечен Првосвеште­ник по чинот Мелхиседеков.