Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hebrews 5

:
Macedonian - 2006
1 Зашто секој Првосвештеник, кој од лу­ѓе се избира, за луѓето се пос­та­вува на служба Божја, да принесува да­рови и жртви за гревовите,
2 и да може да ги разбира оние што се неумешни и заблудени, бидејќи и са­ми­от е со слабости;
3 и затоа е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува жртви.
4 И никој сам не се здобил со таква чест, туку само оној кој е повикан од Бога, како што беше Арон.
5 Така и Христос не се прослави Сам Себеси, станувајќи првосвештеник, ту­ку Го прослави Оној Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес.“
6 Како што е и на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мел­хиседеков.“
7 Во деновите на Својот земен живот, Тој со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта и поради Својата пот­чинетост од почит беше чуен.
8 Иако беше Син, Тој се научи на по­слушност од она што го пострада,
9 а, откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни,
10 и од Бога беше наречен Првосвеш­теник по чинот Мелхиседеков.
11 За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, би­дејќи тешко сфаќате.
12 Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба некој да ве учи кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна.
13 Секој што се храни со млеко, е не­вешт во словото на правдата, бидејќи е дете;
14 а тврдата храна е за зрелите, кои благодарејќи на поуката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро од зло.