1Взаемната љубов нека пребива меѓу вас!
2Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.
3Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што страдаат, зашто и самите сте во тело.
4Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.
5Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“;
6така што слободно да велиме: „Господ ми е помошник, и нема да се плашам; што може да ми направи човек?“
7Помнете ги и вашите учители, што ви го проповедаа словото Божјо и, имајќи го пред очи исходот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
8Исус Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови.
9Не бидете завлечени од разни туѓи учења; зашто е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со уредби за јадења, од кои немаа никаква полза оние што ги применуваа.
10Ние имаме жртвеник од кого немаат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата,
11бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на гревовите, се изгоруваат надвор од живеалиштето.
12Затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.
13И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,
14бидејќи овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде.
15Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прославуваат името Негово.
16А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.
17Покорувајте им се на учителите ваши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, — та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.
18Молете се за нас, зашто сме уверени дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме.
19Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.
20А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците — нашиот Господ Исус Христос,
21нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Нему слава во вечни векови, Амин!
22Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко и ви напишав и испратив.
23Знајте дека братот Тимотеј е ослободен, со кого, ако дојде навреме, ќе ве видам.
24Поздравете ги сите ваши учители и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.
25Благодат со сите вас. Амин!