Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 25

:
Macedonian - 2006
1 А Авраам зеде втора жена, по име Кетура.
2 И таа му ги роди Зимран, Јокшан, Медан, Мидјан, Јишбак и Шуах.
3 Јокшан ги роди Сева и Дедан. А Деданови синови беа Ашурим, Летушим и Леумим.
4 А синови Мидјанови: Ефа, Ефер, Ханох, Авида и Елдаа. Сите тие беа потомци Кетурини.
5 А Авраам сиот свој имот му го даде на Исак.
6 На синовите, пак, од своите наложници им даде Авраам подароци, и, уште додека беше жив, ги испрати на исток, во источната земја далеку од синот негов Исак.
7 А деновите на Авраамовиот живот, што го поживеа, беа сто седумдесет и пет години.
8 И откако издивна, умре Авраам во среќна старост, престар и сит од животот, и се прибра кај народот свој.
9 А го погребаа неговите синови, Исак и Исмаил, во пештерата Махпела, во нивата на Ефрон, синот на Хитиецот Цохар, што се наоѓаше спроти Мамре;
10 на нивата, што ја беше купил Авраам од синовите Хетеови, таму беше погребан Авраам со жена му Сара.
11 А по смртта Авраамова го благо­слови Бог Исак, синот негов. Исак живееше, пак, во Беер Лахај Рои.
12 Еве го родословието на Исмаил, синот Авраамов, кого му го роди на Ав­раам Агара Египќанката, слугинката на Сара.
13 Ова се имињата на синовите Јишмаелови, како што ги именуваа во родовите нивни: првенецот Јишмаелов е Навајот, па Кедар, Адбеел и Мивсам,
14 потоа Мишма, Дума и Маса,
15 Адад, Тема, Јетур, Нафиш и Кедма.
16 Тоа се синовите Јишмаелови, и тоа се имињата нивни според селата и гра­довите нивни. Тоа се племињата нив­ни.
17 А деновите на животот Јишмаелов се сто триесет и седум години. Потоа издивна и умре, и се прибра при својот род.
18 Тие живееја од Хавила дури до Сур, што е пред Египет, на патот кон Аси­рија. Тие се населија спроти сите браќа свои.
19 А ова е родословието на Исак, си­нот Авраамов: Авраам го роди Исака.
20 А Исак имаше четириесет години кога се ожени со Ревека, ќерката на Арамеецот Ветуил од Месопотамија, сестра на Арамеецот Лаван.
21 И Исак Му се помоли на Господ за жената своја, бидејќи таа беше неплодна; и Господ го чу, па Ревека, жената негова, зачна.
22 Но децата се удираа едно со друго во утробата нејзина, и таа рече: „Ако биде така, зошто ми е ова?“ И отиде да Го праша Господа.
23 А Господ ѝ рече: „Две племиња има во утробата твоја, и два народа ќе излезат од тебе; едниот народ ќе биде посилен од другиот и поголемиот ќе му служи на помалиот.“
24 И дојде времето да роди, а ете близнаци во утробата нејзина.
25 Излезе синот првенец црвен, це­лиот рунтав како руно; и му дадоа име Исав.
26 А потоа излезе брат му, држејќи го Исав со рака за петата; нему му ставија име Јаков. А Исак имаше шеесет години, кога тие се родија.
27 И децата пораснаа: Исав стана вешт ловец и човек на полето, а Јаков човек кроток кој живееше во шатори.
28 Исак го сакаше Исав, зашто му се допаѓаше дивечот негов; а Ревека го сакаше Јаков.
29 Еднаш Јаков зготви јадење, и Исав дојде од полето уморен.
30 И му рече Исав на Јаков: „Дај ми да јадам од црвеното вариво, зашто сум уморен.“ Затоа му го дадоа прекарот Едом.
31 Но Јаков му рече: „Продај ми го денес првородството твое!“
32 А Исав одговори: „Еве, јас умирам, па што ќе ми е тоа првородство?“
33 Но Јаков му рече: „Заколни ми се уште сега!“ И тој му се заколна. И му го продаде своето првородство на Јаков.
34 И Јаков му даде на Исав леб и варена леќа, и тој јадеше и пиеше, па стана и си отиде. Така Исав го презре првородството свое.