Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 23

:
Macedonian - 2006
1 Сара поживеа сто дваесет и седум години; тоа се годините на Сариниот живот.
2 И умре Сара во градот Кир­јат-Арба, а тоа е Хеврон, во земјата хананска. И дојде Авраам да ја изжали и да ја исплаче.
3 А кога се оддели Авраам од покој­ницата своја, им рече на синовите Хе­теови, велејќи:
4 „Странец сум и придојден кај вас; дајте ми да имам гроб кај вас, за да ја погребам покојницата своја.“
5 А синовите Хетеови му одговорија на Авраам, велејќи:
6 „Чуј нѐ, господаре наш; ти си кнез Божји меѓу нас; погреби ја покојницата своја во најдоброто од нашите места за погреб; никој меѓу нас нема да ти одбие погребно место за да можеш да ја по­гребеш покојницата своја таму!“
7 Тогаш стана Авраам и му се поклони на народот од земјата на синовите Хетеови,
8 и им рече, велејќи: „Ако сакате да ја погребам покојницата своја, послушајте ме речете му за мене на Ефрон, синот Цохаров.
9 Нека ми ја даде пештерата Махпела, која е на крајот од нивата негова; за пари нека ми ја даде, колку што чини, за да имам гробница меѓу вас!“
10 А Ефрон седеше меѓу синовите Хетеови. И му одговори Ефрон Хитие­цот на Авраам, пред синовите Хетеови, и тоа гласно, да чујат сите, кои влегуваа низ градските порти, велејќи:
11 „Не, господаре; послушај ме: нивата, и пештерата во неа, ти ја давам; пред синовите на народот мој ти ја подарувам, погреби ја покојницата твоја.“
12 А Авраам му се поклони на народот од таа земја,
13 и му рече на Ефрон гласно, пред сиот народ, велејќи: „Ако сакаш, почуј ме: ќе ти дадам колку што чини нивата, земи од мене, па тогаш ќе ја погребам покојницата своја таму.“
14 А Ефрон му одговори на Авраам и рече:
15 „Господаре мој, чуј ме; земјата чини четиристотини шекели сребро; што е тоа за мене и за тебе? Затоа погреби ја покојницата твоја!“
16 И Авраам, откако го ислуша Еф­рон, му го измери среброто, што го кажа тој пред синовите Хетеови, чети­ристотини шекели сребро, како што врвеше тогаш меѓу трговците.
17 И кај нивата Ефронова кај Махпела спроти Мамре, нивата и пештерата што е во неа и сите дрвја во нивата и во нејзините предели наоколу,
18 станаа сопственост на Авраам пред синовите Хетеови, пред сите кои влегуваа во тој град.
19 Потоа ја погреба Авраам Сара, же­ната своја, во пештерата Махпела на нивата спроти Мамре; а тоа е Хеврон, во земјата хананска.
20 Така Авраам ја придоби од сино­вите Хетеови нивата и пештерата во неа, за да има сопствена гробница.