Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 22

:
Macedonian - 2006
1 По тие настани Бог, иску­шувајќи го Авраам, рече: „Авра­аме!“ А тој одговори: „Еве ме!“
2 Бог продолжи: „Земи го синот твој единец Исак, кого што многу го сакаш, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ќе ти ја покажам!“
3 И утредента рано, откако стана, Ав­раам го оседла магарето свое, зеде со себе двајца од слугите свои и Исак, си­нот свој; па, откако нацепи дрва за жртвата, се крена, и појде на местото, за кое му рече Бог.
4 На третиот ден, кревајќи ги очите свои, Авраам го здогледа местото од­далеку.
5 И им рече Авраам на слугите свои: „Останете вие овде со магарето, а јас и детето ќе одиме онаму, па откога ќе се помолиме, ќе се вратиме кај вас.“
6 И зеде Авраам дрва за жртвата, му ги натовари на Исак, синот свој, а самиот тој зеде во свои раце оган и нож; па отидоа обајцата заедно.
7 Тогаш му рече Исак на Авраам, тат­кото свој: „Татко!“ А тој одговори: „Што е, синко!“ А тој рече: „Ете оган и дрва, а каде е јагнето за жртва?“
8 А Авраам одговори: „Бог ќе си прибави, синко, јагне за жртва.“ И обајцата го продолжија патот заедно.
9 И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Авраам направи жртвеник, и кладе дрва на него, а откако го врза Исак, синот свој, го стави на жртвеникот врз дрвата.
10 Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој,
11 но ангел Господов викна од небото, и рече: „Аврааме! Аврааме!“ А тој одговори: „Еве ме!“
12 И ангелот продолжи: „Не кревај ја раката своја на детето, и не прави му ништо! Еве, сега знам дека се плашиш од Бога штом не го пожали ни синот свој единец заради Мене.“
13 И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа зад него овен, кој се беше сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе како жртва сепаленица место синот свој.
14 И го нарече Авраам ова место: „Јахве Јерае“. Затоа и денес се вели: „На горичката Господ се јави.“
15 А ангелот Господов повторно го викна од небото Авраам,
16 и рече: „Се колнам во Себе вели Господ кога така направи, и не го пожали синот свој единец, заради Мене,
17 Јас ќе те благословам и преблагословам, и потомството твое ќе го умножам и преумножам како ѕвездите на небото и како песокот на морскиот брег! А потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои.
18 И ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата, зашто го послуша Мојот глас.“
19 Тогаш Авраам се врати кај слугите свои, и се кренаа, па се вратија заедно во Вирсавија. И живееше Авраам во Вирсавија.
20 По тие настани му јавија на Ав­раам: Ете, и Милка му роди синови на братот твој Нахор:
21 Уц, неговиот првенец, брат му Буз, и Ќемуел, таткото на Арам,
22 Хазо, Пилдаш, Идлаф и Ветуил.
23 Од Ветуил се роди Ревека. Овие му ги роди Милка на Нахор, братот на Авраам.
24 А неговата наложница, по име Реума, ги роди овие: Тевах, Гахам, Та­хаш и Мааха.