Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Genesis 21

:
Macedonian - 2006
1 И Господ милостиво погледна на Сара, како што беше рекол, и постапи Господ со Сара според зборовите Свои.
2 Сара зачна и му роди на Авраам син во староста негова, во времето што Господ му го беше објавил.
3 И Авраам го нарече синот што му се роди, што му го роди Сара, со името Исак.
4 И го обреза Авраам синот свој Исак во осмиот ден, како што му беше заповедал Господ.
5 Авраам имаше сто години кога му се роди синот Исак.
6 Сара, пак, рече: „Господ ми нанесе смеа; кој ќе чуе за мене, ќе ми се смее.“
7 И рече: „Кој би рекол дека Сара на Авраам ќе му дои деца? Зашто му родив син во староста негова.“
8 Детето порасна и беше одбиено од цицање. А Авраам приреди голема гоз­ба во оној ден кога го одбија Исак.
9 Виде Сара дека синот на Агара Египќанката, што му го роди таа на Авраам, се потсмева,
10 па му рече на Авраам: „Истерај ја оваа робинка со синот нејзин, зашто синот на оваа робинка не бива да стане наследник со мојот син Исак!“
11 А тоа на Авраам му причини голема мака, поради синот негов.
12 Но Бог му рече на Авраам: „Нека не ти е криво заради детето и робинката! Сѐ што ќе ти рече Сара, послушај го гласот нејзин, зашто по Исак ќе произлезе потомството твое.
13 А и од синот на робинката ќе издигнам народ, зашто тој е семе твое.“
14 И Авраам стана утредента рано, зе­де леб и мев со вода, и ѝ даде на Агара, ставајќи ѝ го тоа на грб, и детето, па ја отпушти. И таа тргна и се за­скита по пустината кај Вирсавија.
15 А кога снема вода во мевот, таа го остави детето под една грмушка,
16 а самата отиде далеку, колку што со стрела може да се дофрли, и седна спроти него; зашто велеше: „Не можам да ја гледам смртта на моето дете!“ И седејќи спроти него, почна гласно да плаче.
17 Но Бог го чу гласот на детето и ангел Божји ѝ викна на Агара од небото и ѝ рече: „Што ти е, Агаро? Не плаши се, бидејќи Бог го чу гласот на детето оттаму, каде што е.
18 Стани, крени го детето и фати го за рака; зашто од него ќе направам голем народ.“
19 И Бог ѝ ги отвори очите, и таа виде извор со вода; и отиде, па го наполни мевот со вода, и го напои детето.
20 А Бог беше со детето, и тоа порасна, и заживеа во пустината, и стана стре­лец со лак.
21 Тоа живееше во пустината Фаран. И мајка му негова му зеде жена од земјата египетска.
22 Во тоа време Авимелех, во при­друж­ба на Пихол, војводата негов, му рече на Авраам: „Бог е со тебе во сѐ што правиш.
23 А сега заколни ми се овде во Бога дека нема да ми напакостиш ни мене, ни на синот мој, ниту на внукот мој; туку дека ќе постапуваш добро со мене и со земјата, во која си гостин, како што постапував јас со тебе.“
24 И рече Авраам: „Се заколнувам!“
25 Тогаш Авраам го прекори Ави­ме­лех за изворот што го беа присвоиле слугите Авимелехови.
26 А Авимелех рече: „Не знам кој го направи тоа; ниту ти ми кажа, ниту, пак, чув за тоа до денес.“
27 А Авраам зеде ситен и крупен до­биток, и му ги подари на Авимелех, и тие двајца склопија сојуз.
28 Потоа Авраам одвои седум јагниња од стадото.
29 А Авимелех му рече на Авраам: „Зошто се овие седум јагниња што ги одвои?“
30 Авраам, пак, одговори: „Прими ги од моја рака овие седум јагниња, за да ми бидат сведоштво дека јас сум го ископал оној кладенец.“
31 Затоа она место се нарече Вир­са­вија, бидејќи тука се заколнаа обајцата.
32 Откако склопија сојуз во Вирсавија, Авимелех и Пихол, војводата негов, се кренаа и се вратија во земјата филистеј­ска.
33 И Авраам насади шумичка во Вир­савија, и таму го призва името на Гос­под, Вечниот Бог.
34 Авраам живееше во земјата филистејска како придојден долго време.