Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 19

:
Macedonian - 2006
1 Оние два ангела стигнаа вечерта во Содом, кога Лот седеше кај портата содомска. А кога ги виде Лот, стана да ги пресретне, и се поклони доземи.
2 И рече: „Господари мои, влезете во куќата на слугата Ваш, да преноќевате, и измијте си ги нозете Свои; па утре рано, кога ќе станете, одете си по Својот пат.“ А тие рекоа: „Не, тука ќе ноќеваме, на улица.“
3 Но тој настојуваше, и Тие појдоа по него и влегоа во домот негов. И тој ги нагости, им испече погачи, и јадеа.
4 И уште не беа легнале, а граѓаните содомски се насобраа околу куќата, ста­ри и млади, целиот народ од сите кра­ишта на градот.
5 И го повикаа Лот и му рекоа: „Каде се луѓето, кои дојдоа да ноќеваат кај тебе? Изведи ги кај нас за да ги познаеме“.
6 Лот излезе пред нив до влезот, и ја затвори вратата зад себе.
7 И рече: „Браќа мои, немојте да пра­вите зло!
8 Еве, имам две ќерки, кои уште не биле со маж; ќе ги изведам кај вас, па правете со нив што ви е угодно; само на овие луѓе не правете им ништо, бидејќи се дојдени под покривот на мојот дом.“
9 А тие му рекоа: „Мавни се оттука! Си дошол ваму да живееш како придојден, па, и ќе ни судиш ли? Сега со тебе ќе постапиме уште полошо отколку со нив!“ Па навалија силно на човекот, на Лот, и се доближија за да ја скршат вратата.
10 Тогаш оние мажи ги протегнаа рацете свои надвор и го вовлекоа Лот кај себе, во куќата, и ја затворија вратата.
11 А луѓето, кои беа пред куќната порта, ослепеа, од мал до голем, и не можеа да ја најдат вратата.
12 Тогаш оние мажи му рекоа на Лот: „Ако имаш зетови, синови или ќерки, или кој и да било свој во овој град сите нив изведи ги од ова место!
13 Зашто ние ќе го сотреме ова место, бидејќи викот против нив е голем пред Господ, па затоа нѐ испрати Господ да го уништиме.“
14 И излезе Лот, и им кажа на зето­вите свои, кои требаше да се оженат за ќерките негови, и им рече: „Станете, одете си од ова место, зашто Господ ќе го сотре овој град!“ Но на зетовите негови им се причини дека се шегува.
15 А кога зората зазори, навалија ангелите на Лот да побрза и му рекоа: „Стани, земи ја жената своја, и двете ќерки твои, што ги имаш, за да не загинете поради беззаконието на овој град!“
16 Но бидејќи тој се двоумеше, затоа мажите, поради милоста Божја кон него, го фатија за рака него, жената негова, и двете ќерки негови, и ги изведоа, па ги оставија надвор од градот.
17 А кога ги изведоа надвор, еден од нив рече: „Спасувај ја душата своја и не обѕрнувај се назад, не запирај никаде во оваа долина! Побарај спас во планината, за да не загинеш.“
18 А Лот рече: „Немој, Господи!
19 Еве, слугата Твој најде милост пред Тебе, и милоста Твоја е голема што ја направи кон мене, зашто ми го спаси животот; но јас не можам да бегам во планината, бидејќи ќе ме стигне злото и ќе загинам.
20 Ене, во оној град; доста е близу, да побегнам таму, а местото е мало; таму ќе побегнам и ќе останам жив, благодарејќи на Тебе.“
21 А Тој му рече: „Еве, за твое добро ќе го сторам и тоа: нема да го уништам градот, за кој ми зборуваш.
22 Бегај побрзо таму, бидејќи не мо­жам да направам ништо, додека не стиг­неш онаму.“ Заради ова оној град се нарече Сигор.
23 И кога сонцето изгреа над земјата, Лот пристигна во Сигор.
24 Тогаш излеа Господ врз Содом и врз Гомора дожд од сулфур и оган од небото.
25 И ги сосипа оние градови и целата околина, и сите жители во тие градови, и сите растенија.
26 Но жената Лотова, одејќи по него, погледна назад и се претвори во солен столб.
27 А утредента рано, откако стана, Ав­раам отиде на местото, каде што беше стоел пред Господ;
28 и погледна кон Содом и Гомора и на целата долина и виде: и, ете, се креваше дим од земјата како чад од си­лен оган.
29 Но додека Бог ги уништуваше гра­довите во онаа област, се сети Бог на Авраам, па го изведе Лот од местото на погубувањето, кога ги сосипуваше Господ градовите, каде што живееше Лот.
30 А Лот излезе од Сигор, и се настани во планината со двете ќерки свои; зашто се плашеше да живее во Сигор. И живееше во пештера со двете ќерки свои.
31 А постарата ѝ рече на помладата: „Нашиот татко е стар, а нема маж во земјава за нас, како што е обичај по целата земја.
32 Ајде да му дадеме на таткото наш вино, за да се опие; па да легнеме со него, за да го зачуваме потомството на нашиот татко!“
33 И му дадоа вино на татко си во онаа ноќ; и влезе постарата и легна со таткото свој; а тој не сети ни кога легнала таа, ни кога станала.
34 А утредента ѝ рече постарата на помладата: „Ете, ноќеска бев со својот татко. Да го опиеме со вино и вечерва: па влези и ти легни со него, и ќе со­чуваме потомство од таткото наш!“
35 И таа ноќ му дадоа на татко си вино; и влезе помладата и спиеше со него; а тој не разбра ни кога таа легнала, ни кога станала.
36 И обете ќерки Лотови зачнаа од таткото нивни.
37 И постарата роди син, и го нарече Моав. Тој е прататко на Моавците до денес.
38 А и помладата исто роди син, и го нарече Бен-Ами. Тој е прататко на Амон­ците до денес.