Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 18

:
Macedonian - 2006
1 Потоа на Авраам му се јави Господ кај светите дрвја во Мамре, кога седеше пред вратата од шаторот свој, на пладнина.
2 Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи како стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча во пресрет пред вратата на шаторот, и им се поклони доземи.
3 И рече: „Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата Свој!
4 Ќе ви донесат малку вода и ќе ги измијат нозете ваши, па одморете се малку под ова дрво!
5 И ќе Ви донесам малку леб за да се поткрепите штом веќе навративте кај слугата Ваш, па тогаш продолжете го својот пат.“ Тие рекоа: „Направи, како што велиш!“
6 И Авраам отрча во шаторот кај Сара, и ѝ рече: „Замеси брзо три мери од најдоброто брашно и испечи погачи!“
7 Па отрча кај говедата и фати младо и згоено теле, и му го даде на момокот, и тој побрза да го зготви.
8 Па потоа изнесе масло и млеко и телето, што беше зготвено, и им принесе; и Тие јадеа, а тој самиот стоеше пред нив под дрвото.
9 Тогаш Тие го прашаа: „Каде е Сара, жената твоја?“ А тој одговори: „Ене ја во шаторот.“
10 Еден, пак, од нив му рече: „Догодина во ова време, Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара, жената твоја ќе има син.“ А Сара слушаше на вратата од шаторот, зад него.
11 Авраам и Сара беа стари во поодминати години, и кај Сара беше престанало редовното кај жените.
12 Затоа Сара се насмеа во себе, ве­лејќи: „Сега ли, кога сум остарена, ќе ја имам оваа утеха? А и господарот ми е стар.“
13 Тогаш Господ му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара, велејќи Вистина ли е дека ќе родам, кога сум остарена?
14 Има ли нешто неможно за Господ? Во определеното време Јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара ќе има син.“
15 Но Сара не призна и рече: „Не се насмеав“, бидејќи се беше уплашила. А Тој рече: „Не, ти се насмеа!“
16 Потоа луѓето станаа и тргнаа кон Содом, а и Авраам појде со нив да ги испрати.
17 А Господ рече: „Ќе кријам ли од Авраам што сакам да направам?
18 Та од Авраам ќе излезе голем и силен народ, и преку него ќе бидат благословени сите народи на земјата.
19 Затоа што го избрав за да им за­поведа на синовите свои, и на домот свој по себе, да одат по патот Господов и да извршуваат правда и суд, и Господ ќе го исполни она, што му го вети на Авраам.“
20 И Господ рече: „Голем викот е против Содом и Гомора, зашто гревовите нивни се претешки.
21 Затоа ќе слезам да видам дали е тоа токму така, како што доаѓа викот до Мене, или не.“
22 Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам уште стоеше пред лицето на Господ.
23 Тогаш Авраам се приближи и рече: „Зарем ќе го уништиш и праведниот со неправедниот?
24 Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ќе го погубиш и нема да му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него?
25 Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не може да биде тоа од Тебе; зарем Суди­јата на целата земја нема да суди право?“
26 И Господ рече: „Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ќе го поштедам градот и целото место заради нив.“
27 А Авраам одговори и рече: „Еве, се осмелив да Му проговорам на Господ, иако сум земја и пепел.
28 Можеби има праведници за пет помалку од педесет; зарем заради тие пет ќе го сотреш целиот град?“ Тој од­говори: „Нема тоа да го направам, ако најдам четириесет и пет.“
29 И го продолжи разговорот со Него и рече: „Можеби ќе се најдат таму четириесет?“ Тој, пак, одговори: „Нема да го направам ни поради тие чети­риесет.“
30 Потоа рече: „Нека не се налути Господ, ако речам можеби ќе се најдат триесет?“ Тој рече: „Нема да го на­правам, ако најдам триесет.“
31 И пак рече: „Еве, се осмелувам одново да Му проговорам на Господ можеби ќе се најдат дваесет?“ „Нема да го уништам рече ни заради тие дваесет.“
32 Најпосле рече: „Нека не се налути, Господ, ако уште еднаш проговорам можеби ќе се најдат десет?“ Тој рече: „Нема да го уништам ни заради оние десет.“
33 И Господ замина, откако престана да зборува со Авраам; а Авраам се врати во своето место.