Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 13

:
Macedonian - 2006
1 И тргна Аврам од Египет кон југ, со сѐ што имаше, тој, жената негова, а и Лот со нив.
2 А Аврам беше многу богат со добиток, со сребро и со злато.
3 И ги продолжи тој патувањата свои од Негев до Ветил, до местото, каде што порано му беше поставен шаторот, меѓу Ветил и Гај;
4 до местото, каде што најнапред беше подигнал жртвеник; и таму го призва Аврам името Господово.
5 А и Лот, кој одеше со Аврам, имаше ситен и крупен добиток и шатори.
6 И земјата беше тесна, за да живеат заедно, бидејќи имотот нивни беше толку голем, што не можеа да живеат заедно.
7 И стана караница меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток. А во таа земја живееја тогаш Хананци и Перизијци.
8 Затоа Аврам му рече на Лот: „Не треба да се караме јас и ти, ни моите пастири со твоите пастири, зашто сме роднини.
9 Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене. Ако тргнеш ти на лево, јас ќе тргнам на десно; ако ти појдеш на десно, јас, пак, на лево.“
10 Тогаш Лот ги крена очите свои и ја виде целата околина јорданска, која, пред Бог да ги уништи Содом и Гомора, целата, сѐ до Сигор се напојуваше со вода, како рајот Божји и како земјата египетска.
11 И Лот ја избра за себе целата околина јорданска; па појде Лот кон исток; и се разделија еден од друг.
12 Аврам се насели во земјата ханан­ска, а Лот се настани во околните гра­дови, поставувајќи ги шаторите свои дури до Содом.
13 Луѓето, пак, во Содом беа лоши, и многу грешни пред Господ.
14 И му рече Бог на Аврам, откако Лот се оддели од него: „Крени ги очите свои, па погледни од местото, каде што си сега, на север и на југ, на исток и на запад,
15 зашто целата земја што ја гледаш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое довека;
16 ќе го умножам потомството твое да биде колку што е песокот на земјата; ако некој може да го изброи песокот на земјата, ќе може да го изброи и потомството твое.
17 Стани и изоди ја оваа земја во должина и во широчина, зашто ќе ти ја дадам тебе.“
18 И Аврам ги крена шаторите свои, и отиде да се насели кај дабовите во Мамре, што беше кај Хеврон, и таму Му подигна жртвеник на Господ.