Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 14

:
Macedonian - 2006
1 Кога Амрафел беше шинарски цар, еласарски цар Арјох, елам­ски цар Кедорлаомер и гоимски цар Тидал,
2 сите тие цареви започнаа војна против содомскиот цар Бера, против царот на Гомора Бирша, против царот на Адма Шинав, цевоимскот цар Шемевер и со царот на Бела, односно Сигор.
3 Сите тие се собраа во долината Сидим, која сега е Солено Море.
4 Дванаесет години му служеа на Ке­дор­лаомер, а во тринаесеттата се по­бунија.
5 Во четиринаесеттата дојде Кедор­ла­омер и царевите, кои беа со него, па ги поразија Рефаимците во Аштер­от-Кар­наим, Зузимците во Хам, Емим­ците во Шаве-Кирјатаим,
6 Хоријците во гората нивна Сеир, дури до рамнината Фаран, што е крај пустината.
7 А кога се вратија оттаму, дојдоа до изворот Мишпат, односно Кадис, и ја опустошија целата област амаликиска, како и Аморејците, кои живееја во Хацацон-Тамар.
8 Тогаш излегоа царот содомски и царот на Гомора, царот на Адма, царот цевоимски и царот од Бела, односно Сигор, и појдоа во борба против оние во долината Сидим:
9 против Кедорлаомер, царот елам­ски, и Тидал, царот гоимски, и Амра­фел, царот шинарски, и Арјох, царот еласарски; четири цара против пет.
10 Во долината Сидим имаше, пак, многу јами, од кои се вадеше асфалт. И побегнаа царот содомски и царот на Гомора, и паднаа во нив; а другите избегаа во планините.
11 Победниците го зедоа сиот имот на Содом и Гомора и сета храна нивна, па си отидоа.
12 Го зедоа и Лот, братанецот Авра­мов, кој живееше во Содом, и имотот негов, и си отидоа.
13 А еден од оние, што се беа изба­виле, дојде и му јави на Евреинот Аврам, кој тогаш живееше кај светите дрвја. Мамре, Амореецот, со браќата Ешкол и Анер беа Аврамови сојузници.
14 А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа, и тргнаа во потера до Дан.
15 Тука ги распореди своите слуги и удри на нив ноќе, и ги разби, и ги гонеше до Хова, кој е северно од Да­маск.
16 И го поврати сиот имот и Лот, братанецот свој, со имотот негов, и жените и народот.
17 А царот содомски му излезе во прес­рет, кога се враќаше, откако го разби Кедорлаомер и царевите, што беа со него, во долината Шаве, која е сега Долина на царевите.
18 И Мелхиседек, царот шалемски, из­не­се леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог,
19 па го благослови, велејќи: „Благо­словен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата!
20 Благословен да е и Севишниот Бог, Кој ги предаде непријателите твои во рацете твои!“ И му даде Аврам десетти дел од сѐ.
21 А содомскиот цар му рече на Ав­рам: „Дај ми ги мене луѓето, а имотот земи си го за себе!“
22 Но Аврам му рече на царот содомски: „Ја кревам раката своја кон Севиш­ниот Господ Бог, Создател на небото и на земјата,
23 дека ни конец, ниту, пак, ремен од обувки, нема да земам од сѐ она, што е твое, да не речеш јас го збогатив Аврам,
24 освен, она што изедоа момците, и освен делот на луѓето што одеа со мене: Анер, Ешкол и Мамре; тие нека го земат својот дел.“