Genesis 10
1 А ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои по потопот им се родија синови.
2 Синовите на Јафет се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мешех и Тирас.
3 А синовите Гомерови се: Ашкеназ, Рифат и Тогарма.
4 Синовите, пак, Јаванови се: Елисеј, Тарсис, Китим и Роданим.
5 Од нив се разгранаа одделни народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој.
6 Хамовите синови се: Куш, Мицраим, Пут и Ханан.
7 А синовите Кушови: Сева, Евила, Сафта, Рама и Сафтеха. Синовите, пак, Рамаови се: Сева и Дедан.
8 Куш го роди Нимрод; тој започна да станува силен на земјата;
9 тој беше добар ловец пред Господ; затоа се вели: — добар ловец пред Господ, како Нимрод.
10 Во почетокот негови царства беа: Вавилон, Ерех, Акад и Калне, сите во земјата Сенаар.
11 Од таа земја излезе Ашур, и ги соѕида Ниневија, Ревот, Калах,
12 и Ресен меѓу Ниневија и Калах; тој е голем град.
13 Од Мицраим произлегоа потомците на Луд, Енам, Лаав и Нафтух,
14 како и потомците на Патру и Каслух, од кои водат потекло Филистејците и Кафторимите.
15 А Ханан го роди својот првенец Сидон, и Хет,
16 потоа Јевусиј, Амориј, Гергесеј,
17 Евеј, Аркиј, Синиј,
18 Арвадиј, Цамариј и Аматиј. А потоа племињата ханански се раселија.
19 Пределите, пак, ханански беа од Сидон кон Герар сѐ до Газа, и потоа до Содом, Гомора, Адма и Цевоим, па сѐ до Лаша.
20 Тоа се синовите Хамови, според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во народите свои.
21 И на Сим му се родија синови, на постариот брат Јафетов, татко на сите синови Еверови.
22 А синовите Симови беа: Елам, Ашур, Арфаксад, Луд и Арам.
23 Синовите, пак, Арамови се: Уц, Ул, Гетер и Маш.
24 Арфаксад го роди Сала, а Сала го роди Евер.
25 На Евер му се родија двајца синови: на едниот му беше име Фалек, зашто во неговото време се раздели земјата, а името на брат му беше Јоктан.
26 Јоктан го роди Алмодад, Шалеф, Хацармавет и Јерах,
27 Хадорам, Узал и Дикла,
28 па Овал, Авимаел и Сева,
29 потоа Офир, Авила и Јовав — сите тие беа синови Јоктанови.
30 Живеалиштата им беа од Меша до источната гора Сефар.
31 Тоа се Симовите синови според родовите нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и според нивните народи.
32 Тоа се родовите на синовите Ноеви според нивните родословија, и според народите нивни. Од нив се раширија народи по земјата после потопот.