1И четиринаесет години подоцна пак се искачив во Ерусалим со Варнава, а го зедов со себе и Тит.
2Влегов по откровение и им го изложив на верните, посебно на највидните, Евангелието што го проповедам кај незнабошците, за да не трчам или за да не трчав попусто.
3Па дури ни Тит, кој беше со мене, иако Елин, не беше принуден да се обрезе,
4и тоа заради лажните браќа, кои дојдоа и се вовлекоа да ја гледаат нашата слобода, која ја имаме во Христос Исус, за да нѐ поробат,
5ним ни за час не им дозволивме да нѐ покорат, за да остане во вас вистината на Евангелието.
6А, пак, оние за кои се мисли дека значат нешто — какви и да биле тие некогаш, мене ми е сеедно, Бог не го гледа човекот по лице — тие ништо не ми дадоа.
7Туку, напротив, кога видоа дека мене ми е доверено да го проповедам Евангелието на необрезаните, како на Петар — на обрезаните,
8зашто Оној, Кој дејствуваше врз Петар да врши апостолска служба меѓу обрезаните, дејствуваше и врз мене за апостолска служба меѓу незнабошците
9и кога ја познаа благодатта што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ја подадоа мене и на Варнава раката за заедништво и се согласија ние да одиме кај незнабошците, а тие — кај обрезаните.
10Посакаа само да ги помниме сиромасите, за што се погрижив и точно да го исполнам.
11А кога дојде Кифа во Антиохија, јас лично му се спротивставив, зашто беше заслужил осудување.
12Имено, пред да пристигнат некои од Јаков, тој јадеше заедно со незнабошците; а кога дојдоа, почна да се снебива и да се двои, бидејќи се плашеше од обрезаните.
13Заедно со него лицемереа и другите Јудејци, така што со нивното лицемерие беше заведен дури и Варнава.
14А кога видов дека тие не постапуваат точно според Евангелската вистина, му реков на Кифа пред сите: „Кога ти, кој си Јудеец, живееш како незнабошците, а не како Јудејците, зошто тогаш незнабошците ги принудуваш да живеат јудејски?“
15Ние сме родени како Јудејци, а не грешници од незнабошците.
16Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. Затоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку верата во Христос, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда.
17Ако, пак, барајќи да се оправдаме во Христос, и сами се најдовме грешници, не е ли тогаш Христос слуга на гревот? Тоа никако!
18Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник;
19преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос;
20и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се предаде за мене.
21Не ја отфрлам благодатта Божја; зашто ако праведноста се придобива преку Законот, тогаш Христос залудо умрел.