Ezra 92006

1Откако се сврши тоа, началниците се приближија до мене и рекоа: „Народот Израелов и свеште­ниците и левитите не се одвоија од народите на другите племиња поради нивните гнасотии, од Хананците, Хитијците, Пери­зијците, Јевусијците, Амонците, Моав­ците, Египќаните и Аморејците,

2зашто зедоа нивни ќерки за себе и за синовите свои, светото семе се смеша со народи од туѓи племиња, а притоа раката на кнезовите и војво­дите беше прва во тоа беззаконие.“

3Откако ги чув тие зборови, ја рас­кинав долната и горната своја облека, ги кубев косите на главата своја и на брадата своја и седев нажален.

4Тогаш се собраа кај мене сите што се уплашија од зборовите на Бог Из­раелов поради престапите на преселниците, и јас седев вџашен до принесувањето на вечерната жртва.

5А во време на вечерната жртва ста­нав од моето понизно место со раскината долна и горна облека, паднав на колена и ги кренав рацете кон Господ, мојот Бог,

6и реков: „Боже мој, срам ми е и страв ми е да го покажам моето лице кон Тебе, Боже мој, зашто беззаконијата ни надвиснаа над нашите глави, и вината ни нарасна до небото.

7Од дните на нашите предци до денес ние сме во голема вина, и поради нашите беззаконија бевме преда­дени ние, царевите наши, свештени­ците на­ши, — во рацете на цареви од туѓи земји, на меч, во пленство, на грабеж и навреди, како што е и сега.

8И ете, по малку време, ни се дарува милост од Господ, нашиот Бог, Кој остави кај нас спасение и ни даде да се закрепиме во Неговото свето место; ни ги просвети очите нашиот Бог и ни даде да здивнеме малку од ропството свое.

9Ние сме робови, но и во ропството нашиот Бог не нѐ остави. Тој ја при­веде кон нас милоста на персиските цареви за да ни дадат нов живот, да го подиг­неме домот на нашиот Бог, да го обно­виме од урнатините негови, и да ни да­дат сигурно засолниште во Јудеја и во Ерусалим.

10А сега што да кажеме, Боже наш, потоа? Зашто ние отстапивме од Твои­те заповеди

11што ни ги даде преку Твоите слу­ги, пророците, велејќи: ‚земјата, во која одите за да ја завладеете, е земја нечис­та; таа е извалкана од нечисто­тиите на народите од туѓи племиња, со нивни гнасотии, со кои ја наполнија открај докрај со своите нечистотии.

12Затоа не ги давајте ќерките свои за синовите нивни, и ќерките нивни не ги земајте за синовите свои, и не барајте го мирот нивни, ниту благата нивни довека, за да се закрепите и храните со најдобрите плодови на таа земја и да ја предадете во наследство на синовите свои довека.‘

13И по сѐ што нѐ снајде поради лошите дела наши и поради големата вина наша и, — зашто Ти, Боже наш, нѐ поштеди не според беззаконието наше, туку ни даде такво избавување, —

14зарем пак ќе ги нарушуваме Твоите заповеди и ќе влегуваме во родство со тие одвратни народи? Не­ма ли да се разгневиш на нас сѐ додека нѐ не погубиш, па да нема живи и да нема спасени?

15Господи, Боже Израелов! Ти си праведен, зашто ние бевме нажалени до денес; и еве, ние сме во беззаконијата свои пред Твоето лице, макар што по сето тоа не би требало да стоиме пред Твоето лице.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Ezra 9.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.