Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Ezra 10

:
Macedonian - 2006
1 Додека Ездра така се молеше и исповедаше, плачејќи и ле­жејќи пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израел, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу.
2 Тогаш се јави Шеханија, синот на Јехиил од потомците на Елам, и му рече на Ездра: „Згрешивме пред наши­от Бог, зашто зедовме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израел за таа работа;
3 да се заветуваме сега пред нашиот Бог дека ќе ги отпуштиме сите жени од другите племиња и родените од нив деца, и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде.
4 Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!“
5 Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израел да положат заклетва дека ќе направат така. И тие се заколнаа.
6 Стана Ездра од пред Божјиот дом и тргна кон собата на Јоханан, синот на Елијашив, и ноќеваше таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто беше наскрбен поради престапите на преселниците.
7 И им соопштија по Јудеја и во Ерусалим на сите, што беа вратени од пленство да се соберат во Ерусалим,
8 а на оној што не ќе дојде за три дни, ќе му се одземе имотот, по решение на началниците и стареши­ните, целиот имот негов, а самиот тој ќе биде исклучен од заедницата на оние кои беа во пленство.
9 И во тие три дни се собраа во Еру­салим сите жители на Јудеја и на земјата Венијаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месе­цот. Седеше сиот народ на плош­тадот пред Божјиот дом и тре­переше, како поради таа работа, така и од дождот.
10 Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: „Вие направивте престап, земајќи жени од други племиња и со тоа ја зголемивте вината на Израел;
11 затоа, покајте се пред Господ, Бог на вашите предци, и исполнете ја волјата Негова, одвојте се од народите на таа земја и од жените од други племиња.“
12 Целото собрание одговори и рече со силен глас: „Како што рече, така и ќе направиме.
13 Но народот е многуброен, и вре­мето е сега студено, та не може да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешив­ме многу во таа работа.
14 Нека се изберат заменици на начал­ниците за целото собрание, и сите во нашите градови што зеле жени од други племиња да доаѓаат тука во определено време заедно со старе­шините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа.“
15 Само Јонатан, синот на Асаил и Јахзеја, синот на Тиква, се спротив­ставија, а Мешулам и левитот Шабетај ги поткрепуваа во тоа.
16 Потоа вратените од пленство поста­пија така. За тоа беа определени: свеш­теникот Ездра, началници­те од секое нивно поколение, и старе­шините на нивните домови сите по име. Тие се со­браа на заседание во првиот ден на десеттиот месец за да ја испитаат таа работа.
17 До првиот ден од првиот месец го завршија испитувањето за сите што беа зеле жени од други племиња.
18 Меѓу потомците на свештениците се најдоа и такви што беа зеле жени од други племиња, од синовите на Јешуа, синот Јоседеков, и браќата негови: Маасеја, Елиезер, Јарив и Годолија;
19 тие ја дадоа раката своја како ветување дека ќе ги напуштат жените свои, и дека, како виновни, ќе принесат жрт­ва по еден овен за вината своја;
20 од Имеровите потомци: Ананија и Зевадија;
21 од Харимовите потомци: Маасеа, Елија, Шемаја, Јехиил и Озија;
22 од Пашхуровите потомци: Елиое­нај, Маасеја, Исмаил, Натана­ил, Јоза­вад и Елеаса;
23 од левитите: Јозавад, Семеј и Кела­ја, нарекуван и Келита, потоа Петахија, Јуда и Елиезер.
24 Од пејачите: Елијашив. Од чува­рите на вратите: Селум, Телем и Уриј.
25 А од Израел од потомците на Па­рош: Рамија, Изија, Малкија, Мијамин, Елеазар, Малкија и Ванеја.
26 Од потомците на Елам: Матанија, Захарија, Јехиил, Авдиј, Јеремот и Елија.
27 Од потомците на Зату: Елиоенај, Елијашив, Матанија, Јеремот, Завад и Азиза.
28 Од потомците на Бевај: Јоанан, Ананија, Забај и Атлај.
29 Од потомците на Ваниј: Мешулам, Малух, Адаја, Јашув, Шеал и Јеремот.
30 Од потомците на Пахат-Моав: Ад­на, Келал, Ванеја, Маасеја, Мата­нија, Веселеил, Бинуј и Манасија.
31 Од потомците на Харим: Елиезер, Јишија, Малкија, Шемаја, Симон.
32 Венијамин, Малух, Шемарија.
33 Од потомците на Хашум: Мете­нај, Матата, Завад, Елифелет, Јере­мај, Ма­насија и Семеј.
34 Од потомците на Ваниј: Маадај, Амрам и Уел,
35 Ванеја, Бедеја, Келухиј,
36 Ванија, Меремот, Елејашив,
37 Матанија, Матенај, Јаасај.
38 Ваниј, Бинуј и Семеј,
39 Шелемија, Натан и Адаја,
40 Махнадевај, Шашај и Шарај,
41 Азариил, Шелемија, Шемарија,
42 Селум, Амарија и Јосиф.
43 Од потомците на Нево: Јеиел, Матитија, Завад, Зевина, Јадај, Јоил и Ванеја.
44 Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца.