Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 38

:
Macedonian - 2006
1 И дојде слово Господово до мене:
2 „Сине човечки, сврти го лицето свое кон Гог во земјата Магог, кон кнезот на Рош, Мешех и Тувал, изречи пророш­тво против него.
3 И кажи им вака вели Господ Бог: ‚Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Мешех и Тувал.
4 Ќе те вратам и ќе ставам алка на твојата челуст; ќе те изведам тебе и сета твоја војска, коњите и коњаниците, сите храбри јунаци, многубројни борци, во оклопи и со штитови, сите вооружени со мечеви.
5 Персијците, Етиопјаните и жители­те на Пут со нив, сите со штитови и со шлемови.
6 Гомер со сите чети, домот на То­гарма од северните предели, со сите свои чети, многу народи со тебе.
7 Готви се и приготви се ти и сите твои чети собрани кај тебе и биди им водач.
8 По многу дни ти ќе бидеш посетен; во последните години ќе дојдеш во земја избавена од меч, собрана меѓу многу народи на израелските планини, кои беа долго време запустени, но сега жителите нејзини ќе бидат повратени откај народите, и сите тие ќе живеат спокојно.
9 Па ќе се кренеш како бура, ќе тргнеш како црн облак за да ја покриеш земјата, ти и сите твои чети и многу народи со тебе.‘“
10 Така вели Господ Бог: „Во оној ден ќе ти дојдат на срцето мисли и ти ќе помислиш да направиш нешто лошо.
11 И ќе речеш: ‚ќе се кренам против неоградена земја, ќе појдам против мирните кои живеат безгрижно сите тие живеат без ѕидови и кај нив нема ни резиња, ни порти,
12 за да грабаш и да насобереш плен, да ставиш рака врз одново населените урнатини и врз народ собран откај на­родите, кои се занимаваа со добитокот и имотот свој, кој живее на папокот од земјата.‘
13 Сева и Дедан и таршишките трговци со сите нивни млади лавови ќе ти речат: ‚Ти дојде да извршиш грабеж, ја собра твојата војска за да земеш плен, да земеш сребро и злато, да одземеш добиток и имот, да заграбиш голем плен.‘“
14 Затоа изречи пророштво, сине човечки, и кажи му на Гог вака вели Господ Бог: „Па зар не ти е познато дека во оној ден народот Мој Израел ќе заживее во мир?
15 И ќе тргнеш од твоето место, од северните предели, ти и многу народи со тебе, сите на коњи, голем собир и многубројна војска.
16 И ќе се кренеш против Мојот народ, против Израел, како црн облак, за да ја покриеш земјата: тоа сѐ ќе биде во последните дни, и Јас ќе те доведам во Мојата земја, та народите да Ме по­знаат кога ќе се појавам над тебе, Гог, Мојата светост пред очите нивни.“
17 Така вели Господ Бог: „Не си ли ти оној, за кого зборував во дамнешните дни преку Моите слуги, пророците израелски, кои пророкуваа тогаш дека Јас ќе те доведам против нив?“
18 „Во оној ден, кога ќе дојде Гог против израелската земја, вели Господ Бог, Мојот гнев ќе пламне во Мојата јарост.
19 И во Мојата ревност, во огнот на Моето негодување, Јас реков: навистина во оној ден ќе настане голем потрес во земјата израелска.
20 И од лицето Мое ќе затреперат рибите морски и птиците небески, и ѕверовите полски и сѐ што се влече и лази по земјата, и сите луѓе што се наоѓаат на земјата; ќе се соборат планини, ќе попаѓаат карпи и сите ѕидови ќе паднат на земја.
21 И по сите Мои планини ќе повикам меч против него, вели Господ Бог; мечот на секој човек ќе биде против братот негов.
22 И ќе му судам преку помор и крвопроливање ќе излијам врз него и војските негови и врз многуте народи што се со него, силен дожд и град како камења, оган и сулфур.
23 Ќе го покажам Моето величие и Мојата светост и ќе се појавам пред очите на многу народи и тие ќе по­знаат дека Јас сум Господ.“