Ezekiel 372006

1И се спушти раката Господова врз мене и Господ ме изведе пре­ку духот, ме постави среде полето — а тоа беше полно со коски,

2и ме проведе околу нив, а таму има­ше многу, многу коски во полето и тие беа наполно суви.

3И ми рече: „Сине човечки, ќе ожи­веат ли овие коски?“ И реков: „Господи Боже, Ти го знаеш тоа.“

4Па ми рече: „Изречи пророштво за тие коски и кажи им: ‚Коски суви, чујте го словото Господово!‘

5Така им вели Господ Бог на оние коски — еве, Јас ќе внесам во вас дух и вие ќе оживеете.

6Ќе ви дадам жили, ќе направам на вас да израсне месо, ќе ве покријам со кожа и ќе вдахнам во вас дух, па ќе оживеете и ќе познаете дека Јас сум Господ.“

7Јас го изреков ова пророштво како што ми беше заповедано, и кога пророкував, се чу шум, и, ете, движење, па почнаа коските да се зближуваат, секоја коска до својата коска.

8И видов, ете, имаше жили на нив, и месо израсна, кожа ги покри одозгора, но дух немаше во нив.

9Тогаш Тој ми рече: „Изречи про­роштво за духот, изречи пророштво, сине човечки, и кажи му на духот, вака вели Господ Бог: ‚дојди од четирите ветра, духу, и дувни врз овие убиени и тие ќе оживеат.‘“

10И јас го изреков ова пророштво како што ми заповеда Тој и влезе во нив дух — и тие оживеаја и се исправија на нозете свои — многу, многуброен народ.

11Тогаш Тој ми рече — сине човечки, овие коски се сиот дом Израелов. Ете, тие велат: „Се исушија нашите коски, и загина нашата надеж — ние сме истрг­нати од коренот.“

12Затоа изречи пророштво и кажи им — вака вели Господ Бог: „Еве, Јас ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изве­дам, народе Мој, од гробовите ваши и ќе ве воведам во земјата израелска.

13И ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши.

14Ќе вдахнам во вас од Мојот дух и ќе оживеете, ќе ве населам во вашата земја, па ќе познаете дека Јас, Господ, го реков тоа, и го извршив, вели Гос­под.“

15И дојде слово Господово до мене:

16„Ти, сине човечки, земи жезол и напиши на него: ‚на Јуда и на синовите Израелови, неговите сојузници‘, и пак земи друг жезол и напиши на него: ‚на Јосиф‘. Тоа е жезолот на Ефрем и на сиот Израелов дом, негов сојузник.

17И соедини ги во себе еден со друг во еден жезол, така што во раката да бидат едно.

18А кога те прашаат синовите на твојот народ: ‚нема ли да ни објасниш, што значи тоа?‘

19тогаш речи им — така вели Господ Бог: ‚Еве, Јас ќе го земам Јосифовиот жезол, кој е во раката на Ефрем и на неговите сојузници, Израеловите колена, и ќе го додадам кон него, кон же­золот на Јуда, и ќе ги направам еден жезол, и тие ќе бидат едно во Мојата рака.‘

20Кога, пак, двата жезла, на кои ќе напишеш, ќе бидат во твојата рака пред очите нивни,

21тогаш кажи им — вака вели Господ Бог: ‚Еве, Јас ќе ги земам синовите Израелови меѓу народите, помеѓу оние, кај кои се наоѓаат, ќе ги соберам сите и ќе ги доведам во нивната земја.

22Во таа земја по планините израел­ски Јас ќе ги направам еден народ и еден цар ќе биде цар над сите нив и нема да има повеќе два народа, и нема повеќе да се делат на две царства.

23И нема веќе да се осквернуваат со своите идоли, со своите гадотии и со разни свои пороци; ќе ги извлечам од сите нивни живеалишта, каде што гре­шеле, и ќе ги очистам, — и ќе бидат Мој народ и Јас ќе бидам нивни Бог.

24А слугата Мој Давид ќе биде Цар над нив и Пастир на сите нив; тие ќе одат по Моите заповеди и уредбите Мои ќе ги пазат, и ќе ги исполнуваат.

25Тие ќе живеат во земјата, која му ја дадов на Мојот слуга Јаков, во која жи­вееја предците нивни; таму ќе живеат вечно, тие и децата нивни и внуците нивни; а Мојот слуга Давид ќе биде кнез кај нив засекогаш.

26Ќе склучам со нив завет за мир, вечен ќе биде заветот со нив. И ќе ги средам, ќе ги размножам и ќе го пос­тавам меѓу нив Моето светилиште за­секогаш.

27И кај нив ќе биде Моето живеа­лиште, па ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

28И ќе познаат народите дека Јас сум Господ, Кој го осветува Израел, кога Моето светилиште ќе биде помеѓу нив засекогаш.‘“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Ezekiel 37.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.