Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 35

:
Macedonian - 2006
1 И дојде слово Господово до мене:
2 „Сине човечки, сврти го лицето свое кон планината Сеир, изречи против неа пророштво.
3 И кажи ѝ: Вака вели Господ Бог еве, Јас сум против тебе, планино Сеир, ќе ја протегнам против тебе раката Своја и ќе те направам пуста и ненаселена.
4 Градовите твои ќе ги претворам во урнатини и ти самата ќе запустиш и ќе познаеш дека Јас сум Господ.
5 Бидејќи во тебе има вечно непријателство и синовите Израелови ги предаваше на меч во време на нивните маки, дури и при крајот на нивните беззаконија.
6 Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог, бидејќи со крв си згрешила и крвта ќе те прогони; те гонам; бидејќи крвопролевање не си мразела, затоа крвта ќе те гони.
7 Планината Сеир ќе ја направам пуста и степа без живот, и ќе истребам во неа и човек што доаѓа и човек што си оди.
8 И ќе ги наполнам идолските све­тилишта со нејзините убиени; по твоите ридишта и по твоите долини и по сите твои полиња ќе паѓаат поразени од меч.
9 Ќе те направам вечна пустина и во твоите градови ќе нема живот, па ќе познаеш дека Јас сум Господ.
10 Бидејќи ти велеше овие два народа и овие две земји ќе бидат мои и ние ќе владееме со нив, иако е Господ таму.
11 Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог; ќе постапам со тебе според мерката на твојата омраза и твојата завист, што ја искажуваше од омразата кон нив, и ќе им се јавам кога ќе ти судам.
12 И ќе познаеш дека Јас, Господ, ги чув сите твои навреди што ги иска­жуваше против планините израелски, велејќи: ‚запустеа, нам ни се дадени за храна!‘
13 Вие се гордеете пред Мене со јазикот свој и ги умножувате зборовите свои против Мене; Јас го чув тоа.
14 Така вели Господ Бог: кога целата земја ќе се радува, Јас ќе те направам пустина.
15 Како што се радуваше, што делот од Израеловиот дом запусти, така ќе направам и со тебе ќе бидеш опустошена, планино Сеир, и цел Едом за­ед­но со тебе, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“