Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 33

:
Macedonian - 2006
1 И дојде слово Господово до мене:
2 „Сине човечки: кажи збор кон сино­вите на твојот народ и речи им: ако пратам врз некоја земја меч и народот на таа земја меѓу себе избере човек и го постави за стражар,
3 и тој, штом ќе го види мечот кој се протега врз земјата, ќе затруби во труба и ќе го предупреди народот,
4 па, ако некој го чуе трубниот глас, но не обрне внимание, тогаш кога ќе дојде мечот и ќе го достигне, крвта не­гова ќе падне врз главата негова.
5 Трубниот глас тој го чул, но не обрнал внимание, па затоа крвта негова ќе падне врз него; а кој ќе обрне внимание, тој ќе си го спаси животот.
6 Ако, пак, стражарот го види мечот што доаѓа и не затруби со трубата, така што народот нема да биде предупреден, тоа тогаш, кога ќе дојде мечот и некому ќе му го одземе животот, тој ќе биде погоден заради гревот свој, но крвта негова ќе ја барам од стражарот.
7 И тебе, сине човечки, Јас те поставив како стражар на домот Израелов: ти ќе слушаш слово од Мојата уста и ќе ги вразумуваш од Мене.
8 Кога ќе му речам на грешникот: ‚грешнику, ти бездруго ќе умреш‘, а ти не му кажеш ништо, не го опоменеш беззаконикот да го остави неговиот пат, грешникот ќе умре за својот грев, но крвта негова ќе ја барам од раката твоја.
9 Ако, пак, беззаконикот си го пре­дупредил, да се врати од својот пат, а тој не се одвратил од патот свој, тој ќе умре за својот грев, но ти ќе ја зачуваш душата своја.
10 Сине човечки, кажи му на домот Израелов вие велите: ‚нашите прес­тапи и нашите гревови се врз нас, и ние пропаѓаме во нив, како тогаш можеме да живееме?‘
11 Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја посакувам смртта на грешникот, туку грешникот да се од­врати од својот пат и да остане жив. Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта; зошто да умирате вие, доме Израелов?
12 Сине човечки, кажи им на синовите од твојот народ; праведноста нема да го спаси праведникот во денот на неговиот престап, и грешникот поради беззаконието свое нема да падне во денот, кога ќе се откаже од гревот свој, како и праведникот во денот, кога ќе згреши, не ќе може да остане меѓу живите заради својата праведност.
13 Кога ќе му речам на праведникот дека тој нема да биде жив, и тој се надева на својата праведност, па врши неправда, тогаш сите негови праведни дела нема да се спомнат, и тој ќе умре од неправдата своја, што ја извршил.
14 А кога ќе му кажам на грешникот: ‚Бездруго ќе умреш‘, и тој се откаже од гревовите свои, па почне да живее по закон и по правда,
15 ако тој грешник го врати залогот, го поврати ограбеното, оди по законот на животот и не врши ништо лошо, тогаш тој ќе живее, нема да умре.
16 Ниеден од неговите гревови, што ги извршил нема да му се спомнат; тој почнал да живее по закон и по правда, тој ќе биде жив.
17 Синовите на твојот народ велат: ‚Не е прав патот на Господ‘, а всушност нивниот пат не е прав.
18 Кога праведникот ќе отстапи од својата праведност и почне да врши беззаконие, тој ќе умре заради тоа.
19 Кога, пак, грешникот ќе се поврати од гревот свој и ќе почне да живее по закон и по правда, заради тоа тој ќе остане жив.
20 А вие велите: ‚Не е прав патот на Господ!‘ Јас ќе ви судам, доме Из­раелов, на секого од вас според патиш­тата негови.“
21 Во дванаесеттата година од нашето прогонство, десеттиот месец во петтиот ден од месецот, дојде кај мене еден бега­лец од Ерусалим и рече: „Разрушен е градот!“
22 Но уште пред да дојде пребегнатиот, вечерта беше раката Господова врз мене и Тој ја отвори устата моја, пред да дојде оној утредента кај мене; ми се отвори устата и јас веќе не бев безгласен.
23 И дојде слово Господово до мене:
24 „Сине човечки, оние што живеат во запустените места на земјата израелска, зборуваат и велат: Авраам беше еден и ја наследи оваа земја; а ние сме многумина, па затоа нам ни е дадена оваа земја да ја владееме.“
25 Затоа кажи им вака вели Господ Бог: „Вие јадете месо со крв, ги кревате очите свои кон идоли и пролевате крв, а сакате да владеете со оваа земја?
26 Вие се потпирате на мечот свој, вр­шите гнасни работи, ја осквернувате жената на својот ближен и сакате да владеете со земјата?
27 Еве што ќе им кажеш така вели Господ Бог: Жив сум Јас! Оние, што се по разорените места, ќе паднат од меч; оние, пак, што се наоѓаат во поле, ќе им ги препуштам на ѕверовите да ги изедат. Кои се, пак, во тврдините и по пеш­тери, со смрт ќе ги поразам.
28 И ќе ја направам земјата пустина над пустините, а гордата моќ нејзина ќе престане, па ќе запустат планините из­раелски, така што не ќе има кој да ми­нува преку нив.
29 И ќе познаат тогаш дека Јас сум Господ, кога ќе ја направам земјата пус­тина над пустините заради сите нивни гнасни дела, што ги извршиле.
30 А за тебе, сине човечки, синовите од твојот народ прикажуваат покрај ѕи­довите и пред портите на куќите, и си велат еден на друг, брат на брат: ‚Одете и дознајте какво слово дојде од Господ!‘
31 И тие ќе доаѓаат кај тебе како на собрание народно и Мојот народ ќе седи пред лицето твое и ќе ги слуша зборо­вите твои, но нема да ги извршува; за­што тие од тоа во устата своја си прават шеги, а срцето нивно се управува по нивната лакомост.
32 Па, ете, за нив ти си пејач со пријатен глас и кој убаво свири: тие ги слушаат твоите зборови, но не ги ис­полнуваат.
33 А кога ќе дојде тоа, а, еве, веќе иде, тогаш ќе познаат дека меѓу нив имало пророк.“