Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 30

:
Macedonian - 2006
1 И дојде слово Господово до мене:
2 „Сине човечки, изречи пророштво и кажи вака вели Господ Бог: плачете, ете иде злочест ден.
3 Зашто близок е денот, да, близок е денот Господов, денот мрачен; часот на народите иде.
4 И ќе тргне меч против Египет и ужас ќе се распространи во Етиопија, кога поразените од Египет ќе паднат, кога ќе го земат богатството негово и кога основите негови ќе бидат разру­шени.
5 Етиопија, Пут и Луд, цела Арабија и Либија, како и синовите на сојузнич­ките земји заедно со нив ќе паднат од меч.
6 Така вели Господ Бог, ќе паднат потпорите на Египет и ќе падне гордоста на неговата моќ; од Мигдол до Сиена ќе паѓаат во него од меч, вели Господ Бог.
7 И тој ќе се запусти меѓу опусто­шените земји и градовите негови ќе би­дат меѓу опустошените градови.
8 И ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го пратам огнот врз Египет и сите негови сили ќе бидат скршени.
9 Во оној ден, ќе тргнат од Мене из­вестители со кораби за да ги уплашат безгрижните Етиопјани, и ќе се рас­пространи меѓу нив ужас, како во денот на Египет; зашто, ете, тој иде.
10 Така вели Господ Бог: на египетскиот многуброен народ ќе му ставам крај преку раката од Навуходоносор, царот вавилонски.
11 Тој и народот негов со него, нај­жестоки меѓу народите, ќе бидат доведени за погибел на таа земја и ќе ги извадат мечевите свои против Египет и ќе ја наполнат земјата со убиени.
12 Ќе ги пресушам реките и ќе ја пре­дадам земјата во рацете на лошите и со раката на туѓинците ќе ја опустошам земјата и сѐ што ја исполнува. Јас, Господ, го реков тоа.“
13 Така вели Господ Бог: „Ќе ги ис­требам идолите и ќе ги уништам лаж­ните богови во Мемфис и во земјата египетска нема повеќе да има принцови, и ќе пратам страв во земјата египетска.
14 Ќе го опустошам Патрос, ќе ис­пратам оган во Цоан и ќе извршам суд над Но.
15 Ќе ја излијам јароста Своја врз Син, египетската тврдина, и ќе го истребам многубројниот народ во Но.
16 Ќе испратам оган врз Египет, ќе затрепери Син и Но ќе биде разрушен. А врз Мемфис ќе нападнат непријателите среде бел ден.
17 Младите луѓе од Авен и од Пи-Бе­сет ќе паднат од меч, а другите ќе бидат одведени во ропство.
18 И во Тафнис ќе се помрачи денот, кога таму ќе го скршам јаремот египетски и ќе се прекрати во него неговата горда моќ. Облак ќе го покрие и ќер­ките негови во ропство ќе отидат;
19 така ќе му пресудам на Египет, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“
20 Во единаесеттата година, во првиот месец, на седмиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене:
21 „Сине човечки, Јас веќе ја скршив раката на фараонот, египетскиот цар, и ете, таа уште не е преврзана, за да биде излекувана, и не е завиткана со лекар­ски преврски, од кои би добила сила, за да држи меч.
22 Затоа, вака вели Господ Бог: еве Јас сум против фараонот, египетскиот цар и ќе ги скршам рацете негови, здравата и искршената, така што мечот ќе му падне од рацете негови.
23 Ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјите.
24 А рацете на вавилонскиот цар ќе ги направам јаки, во раката негова ќе му дадам Свој меч; и рацете на фараонот ќе ги скршам и тој изнаранет ќе офка силно пред него.
25 Ќе ги зацврстам рацете на вавилонскиот цар, а рацете на фараонот ќе малаксаат; и ќе познаат дека Јас сум Господ Бог, кога ќе му го дадам мечот Свој во раката на вавилонскиот цар, и тој ќе го потегне врз земјата египетска.
26 Ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјата, и тие тогаш ќе познаат дека Јас сум Господ.“