Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Ezekiel 26

:
Macedonian - 2006
1 Во единаесеттата година, во првиот ден од првиот месец, дојде слово Господово до мене:
2 „Сине човечки, поради тоа што Тир ликуваше над Ерусалим: ‚о, о‘, се скр­ши вратата на народите, и тие се свртеа кон Мене; ќе се збогатам тој е опустошен.
3 Така вели Господ Бог, еве, Јас сум против тебе, граде Тире, и ќе кренам против тебе многу народи како морето што ги крева брановите свои.
4 И ќе ги разбијат ѕидовите на Тир и ќе ги разрушат кулите негови; и ќе го изметам правот негов и ќе го направам гол камен.
5 Ќе биде место за простирање мрежи во морето; зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог, и ќе биде разграбен од на­родите.
6 А ќерките негови, што се во земјата, ќе бидат со меч убиени и ќе познаат дека Јас сум Господ.“
7 Зашто така вели Господ Бог: „Еве, против Тир ќе го доведам од север На­вуходоносор, вавилонскиот цар, царот над царевите, со коњи и со коли, со коњаница и со војска и со многуброен народ.
8 Тој со меч ќе ги убие ќерките твои во земјата, ќе подигне против тебе опсадни кули, ќе направи опкоп против тебе и ќе постави штитови против тебе.
9 Ќе донесе машини за разбивање ѕидови до самите ѕидови и ќе ги раз­руши кулите твои со секири.
10 Од многуте негови коњи прав ќе те покрие, од шумот на јавачите, на трка­лата и на колите ќе се затресат ѕидо­вите твои, кога ќе влезе во портите твои, како што се влегува во разбиен град.
11 Со копитата на коњите свои ќе ги изгази твоите улици, народот твој со меч ќе го убие и спомениците на твојата сила на земјата ќе ги соборува.
12 И ќе го разграбат твоето богатство, ќе ја пленат твојата стока, ќе ги раз­рушат твоите ѕидови, ќе ги урнат тво­ите убави домови, твоите камења и тво­ите дрвја и земјата твоја ќе ја фрлат во вода.
13 И ќе престане гласот од твоите песни и звукот од твоите харфи нема повеќе да се слуша;
14 и ќе те направам гол камен, ќе станеш место за простирање мрежи; не­ма да бидеш одново изграден, зашто Јас, Господ, го реков тоа“, вели Господ Бог.
15 Така вели Господ Бог кон Тир: „Од потресот на твоето паѓање, од офкањето на ранетите, кога ќе се извршува над тебе убивањето, нема ли да затреперат островите?
16 И ќе слезат од престолите свои сите кнезови на морето, ќе ги соблечат од себе своите наметки, ќе ги симнат од себе своите везени облеки, ќе се обле­чат во трепет, ќе седнат на земја и секоја минута ќе треперат и ќе се чудат заради тебе.
17 И ќе почнат да плачат за тебе и ќе ти речат: ‚Како пропадна, славни граде, во кој живеат поморци, народ силен по морето, ти и жителите твои кои влеваа страв на сите оние, што живееја покрај тебе!‘
18 Сега, во денот на твоето паѓање, затреперија островите, островите морски се исплашија од твојата погибел.
19 Зашто така вели Господ Бог: кога ќе те направам запустен град, како не­населените градови, кога ќе ја подигнам против тебе бездната и ќе те покријат големи води,
20 тогаш ќе те соборам со оние, што слегуваат во гроб, кај оние што порано постоеле, и ќе те ставам во долната земја, во вечната пустина, со спуште­ните во гроб, за да не бидеш веќе населен; и ќе ја објавам славата во земјата на живите.
21 За ужас ќе те направам, и нема да те има; ќе те бараат, но повеќе нема да те најдат никогаш“, вели Господ Бог.