Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 25

:
Macedonian - 2006
1 И дојде слово Господово до мене:
2 „Сине човечки, сврти го лицето свое кон синовите Амонови и кажи про­роштво против нив,
3 и речи им на синовите Амонови: Чујте го словото на Господ Бог: така вели Господ Бог бидејќи за Моето све­тилиште се вели: ‚о, о,‘ а тоа е навреда и за израелската земја, зашто таа е опу­стошена, и за домот Јудин, бидејќи тие отидоа во ропство.
4 Затоа, еве, Јас ќе те дадам во наследство на синовите од Исток и ќе направат кај тебе колиби, ќе распнат кај тебе шатори и ќе ги јадат плодовите твои и ќе го пијат млекото твое.
5 Рава ќе ја направам обор за камили, и синовите Амонови овчари, па ќе познаете дека Јас сум Господ.“
6 Затоа вака вели Господ Бог: „Би­дејќи ти плесна со рацете и тропна со ногата, со сиот презир кон земјата изра­елска, душевно се зарадува,
7 еве, Јас, ќе ја протегнам раката Сво­ја против тебе и ќе те предадам да те разграбаат народите, и ќе те истребам од бројот на народите и ќе те избришам од бројот на земјите; ќе те уништам и ќе познаеш дека Јас сум Господ.“
8 Така вели Господ Бог: „Бидејќи Моав и Сеир велат: ете и домот Јудин е како сите народи.
9 Еве, Јас ќе ја откријам земјата моав­ска од крај до крај, за да остане без градовите што им беа украс на земјата: Бет-Јешимот, Ваал-Меон и Кирјатаим,
10 на синовите од Исток и ќе им го дадам во наследство заедно со синовите Амонови, та синовите Амонови да не се спомнуваат повеќе меѓу народите.
11 И Моав ќе го судам, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“
12 Така вели Господ Бог: Бидејќи Едом жестоко му се одмаздуваше на до­мот Јудин и тешко згреши, со тоа што им се одмаздуваше,
13 вака вели Господ Бог: „Ќе ја протегнам раката против Едом и ќе ги ис­требам во него луѓето и добитокот и ќе го направам пустина. Од Теман до Дедан, сите ќе паднат од меч.
14 И ќе му се одмаздам на Едом преку раката на Мојот народ Израел; и тие ќе дејствуваат во Едом по Мојот гнев и Мојата јарост, па ќе го познаат Моето одмаздување“, вели Господ Бог.
15 Така вели Господ Бог: „Затоа што Филистејците постапија со одмазда и се одмаздуваа со презир во душата за по­гибел, со вечна омраза,
16 така вели Господ Бог еве, ќе ја протегнам раката Своја над Филис­тејците, ќе ги истребам оние од Крит и ќе го уништам нивниот остаток покрај морскиот брег;
17 и ќе извршам над нив голема одмазда со жестоки казни; па ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го извршам над нив Моето одмаздување.“