Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 24

:
Macedonian - 2006
1 И дојде слово Господово до мене во деветтата година, десеттиот месец, во десеттиот ден од месецот:
2 „Сине човечки, запиши го името на овој ден, на овој ист ден: во тој ист ден вавилонскиот цар ќе настапи против Ерусалим.
3 Изречи пророштво против отстапничкиот дом и кажи им вака вели Господ Бог: Стави котел, стави и наполни го со вода;
4 стави во него парчиња месо, сите парчиња да бидат најдобри, колкови и плешки и наполни го со одбрани коски;
5 земи одбрани овци и стави под нив коски и вари ги додека и коските не се разварат во него.“
6 Затоа вака вели Господ Бог: „Тешко му на крвничкиот град, тешко на ко­телот во кој има бигор и од кој бигорот не се вади; парче по парче исфрлајте од него; но ждрепка не фрлајте за него.
7 Зашто крвта негова е во него; тој ја остави на гол камен; не ја проли врз земјата, каде што би можело да се по­к­рие со прав.
8 За да предизвикам гнев за извр­шување на одмаздата, Јас ја оставив крвта на гол камен, за да не се покрие.“
9 Затоа, така вели Господ Бог: „Теш­ко му на крвавиот град, и Јас ќе ставам голем оган;
10 притури дрва, распали го огнот, развари го месото; сето тоа нека се згусти, а коските да се изгорат.
11 И кога котелот ќе остане празен, стави го врз јаглен за да се вжешти и усвити го неговиот бакар, па нечистотијата негова да се стопи во него, и сиот бигор да исчезне.
12 Трудот ќе биде тежок; но многуте бигори нема да се извадат од него; дури и во огнот од бигорот ќе остане во него.
13 Во твојата нечистотија има таква гадотија, што колку и да те чистам, ти сѐ уште ќе останеш нечист; од твојата нечистотија ти и во иднина нема да се очистиш, сѐ додека не се исполни гне­вот Мој врз тебе.
14 Јас, Господ, Јас го зборувам ова: тоа ќе дојде, Јас ќе извршам; нема да одменам, нема да поштедам и нема да се смилувам. Според твоите патишта и според твоите дела ќе ти судам“, вели Господ Бог.
15 И дојде слово Господово до мене:
16 „Сине човечки, еве, Јас преку поразот ќе ти ја земам утехата на твоите очи; но ти да не тажиш и не плачи и солзи не пролевај.
17 Воздивнувај тивко, не оплакувај го умрениот; врзи си шамија и обувај ги нозете свои со твоите обувки, брадата не покривај ја и леб од туѓи луѓе не јади.“
18 И, откако утрината му зборував на народот, вечерта умре жената моја и на вториот ден направив така, како што ми беше заповедано.
19 И ми рече народот: „Нема ли да ни кажеш какво значење има за нас тоа што го правиш?“
20 Им одговорив: до мене дојде слово Господово:
21 „Кажи му на домот Израелов така вели Господ Бог еве, Јас ќе го пре­пуштам светилиштето Свое на поруга, потпора на силата ваша, утеха на очите ваши и радост на душите ваши, а ва­шите синови и вашите ќерки, што ги оставивте, ќе паднат од меч.
22 И вие ќе го правите истото што го правев и Јас; брадата нема да ја сокривате и леб од туѓинци нема да јадете.
23 И шамиите ваши ќе бидат на гла­вите ваши, и обувките ваши на нозете ваши; нема да тажите и да плачете, ту­ку ќе копнеете поради вашите гревови и ќе воздивнувате еден пред друг.
24 А Езекиел ќе ви биде знак за сето тоа што тој го направи, и вие ќе го пра­вите тоа; и кога ќе се збидне тоа, ќе познаете дека Јас сум Господ Бог.
25 А што се однесува до тебе, сине чо­вечки, во оној ден, кога ќе го земам од нив украсот на славата нивна, утехата на очите нивни, и радоста на душите нивни, синовите нивни и ќерките нивни,
26 во тој ден ќе дојде кај тебе оној што се спасил оттаму за да те извести.
27 Во тој ден пред бегалецот ќе ти се отвори устата твоја и ти ќе зборуваш и нема веќе да бидеш безгласен, а ќе станеш знак за нив и ќе познаат дека Јас сум Господ.“