Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Exodus 8

:
Macedonian - 2006
1 И му рече Господ на Мојсеј: „Кажи му на Арон: Пружи ја раката твоја со стапот свој врз реките, врз потоците и врз езерата, и направи жаби да излезат по земјата египетска.“
2 И ја пружи Арон раката своја врз водите египетски, и произлегоа жаби; и ја покрија земјата египетска.
3 Но и врачевите го направија истото со своето вражање, па изведоа жаби по земјата египетска.
4 Тогаш фараонот ги повика Мојсеј и Арон и им рече: „Помолете Му се на Господ, да ги отстрани жабите од мене и од народот мој, и јас ќе го пуштам народот да Му принесе жртва на Гос­под.“
5 А Мојсеј му рече на фараонот: „Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од куќите ваши, а само во реката да останат.“
6 И рече: „Утре.“ А Мојсеј рече: „Не­ка биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг како Господ, нашиот Бог.
7 Ќе отидат жабите од тебе, од куќите твои, од слугите твои и од народот твој; само во реката ќе останат.“
8 Потоа Мојсеј и Арон излегоа откај фараонот. И Мојсеј Му се помоли на Господ за жабите, што Тој ги беше испратил врз фараонот.
9 И Господ направи како што измоли Мојсеј: жабите изгинаа по куќите, по дворовите и по нивите.
10 И ги собраа на купишта, така што земјата засмрде.
11 А кога фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги по­слуша нив, како што беше рекол Господ.
12 Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Кажи му на Арон: ‚Пружи го стапот свој, и удри по земјата‘ и ќе се појават мушички по целата земја египетска.“
13 Така и направија: Арон го пружи со раката стапот свој, и удри по правот на земјата, и се појавија мушички по луѓето и по добитокот; сиот песок на земјата се претвори во мушички, по целата земја египетска.
14 Се обидоа и вражачите со вра­жањето свое да произведат мушички, но не можеа. И имаше мушички по луѓето и по добитокот.
15 И му рекоа вражачите на фараонот: „Ова е знак Божји!“ Но срцето на фара­онот пак се стврдна, и не ги послуша, како што беше рекол Господ.
16 И Господ му рече на Мојсеј: „Стани утре рано и појди кај фараонот. Тогаш тој ќе излезе кај реката, а ти кажи му: ‚Вака вели Господ: пушти го народот Мој, да Ми изврши служба.‘
17 А ако не сакаш да го пуштиш народот Мој, еве, Јас ќе пуштам врз тебе и врз слугите твои, и врз народот твој и во домовите твои бубачки, и ќе се исполнат со бубачки куќите египетски, и земјата на која стојат.
18 А во оној ден ќе ја одделам земјата Гесем, каде што живее Мојот народ, и таму нема да има бубачки, за да познаеш дека Јас сум Господ на земјата.
19 И ќе направам разлика меѓу на­родот Мој и народот твој. Утре ќе го има тој знак.“
20 И направи Господ така: и се појавија многу бубачки во куќата фараонова, во куќите на слугите негови и во целата земја египетска; земјата настрада од бубачките.
21 Фараонот ги повика Мојсеј и Арон, и им рече: „Отидете, принесете Му жрт­ва на вашиот Бог во оваа земја!“
22 Но Мојсеј рече: „Не е можно така да биде, зашто принесувањето жртва на Господ, нашиот Бог, е нечисто за Египќаните; ако ние принесеме нечиста за Египќаните жртва пред нивните очи, нема ли тие да нѐ убијат со камења?
23 Три дена пат ќе одиме во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог, како што Тој ќе нѝ каже.“
24 И фараонот рече: „Ќе ве пуштам да Му принесете жртва на Господ, вашиот Бог, во пустината; но не одете подалеку, и помолете се и за мене!“
25 А Мојсеј рече: „Еве, јас одам од те­бе и ќе Му се помолам на Господ, и бубачките утре ќе исчезнат од тебе и од слугите твои, а и од народот твој. Но престани, фараоне, да нѐ мамиш, не пуштајќи го народот да Му принесе жртва на Господ!“
26 И отиде Мојсеј од фараонот, и Му се помоли на Господ.
27 И Господ направи како што измоли Мојсеј, и си отидоа бубачките од фара­онот, и од слугите негови, и од народот негов; не остана ниедна.
28 Но пак се ожесточи срцето фарао­ново, и пак не го пушти народот.