Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Exodus 7

:
Macedonian - 2006
1 И Господ му рече на Мојсеј: „Ете, Јас те поставив да му бидеш Бог на фараонот; а Арон, братот твој, ќе ти биде пророк.
2 Ти ќе зборуваш сѐ, што ќе ти заповедам, а Арон, пак, братот твој, ќе му зборува на фараонот да ги пушти синовите на Израел од земјата своја.
3 Но Јас ќе го ожесточам срцето на фараонот, и ќе ги умножам знаците Мои и чудата Мои во египетската земја.
4 Фараонот сепак нема да ве послуша. Но Јас ќе ја ставам раката Своја над Египет и со силата Моја ќе го изведам воинството Мое, народот Мој, синовите на Израел, од земјата египетска со страшни осуди.
5 И ќе познаат сите Египќани дека Јас сум Господ, кога ќе ја протегнам раката Своја над Египет и кога ќе ги из­ведам синовите на Израел од нивната средина.“
6 И направија така Мојсеј и Арон: ка­ко што им заповеда Господ, така направија.
7 Мојсеј имаше осумдесет години, а Арон осумдесет и три години кога зборуваа со фараонот.
8 И Господ им рече на Мојсеј и на Арон, велејќи:
9 „Ако фараонот ви каже: ‚Направете некакво чудо‘, тогаш кажи му на Арон: ‚Земи го стапот твој и фрли го пред фараонот и тој ќе стане змија.‘“
10 Потоа Мојсеј и Арон дојдоа кај фараонот и направија така, како што им заповеда Господ. И го фрли Арон стапот свој пред фараонот и пред слугите негови, и тој стана змија.
11 Тогаш фараонот ги повика мудреците и волшебниците; и тие го направија истото со своите волшебништва.
12 И секој од нив го фрли својот стап и тие станаа змии; меѓутоа стапот Аро­нов ги проголта нивните стапови.
13 Но срцето фараоново се стврдна и не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
14 И Господ му рече на Мојсеј: „Тврдо е срцето фараоново; и нема да го пушти народот.
15 Појди утре кај фараонот. И ете, тој ќе излезе до водата, и пресретни го на речниот брег; стапот, пак, што се пре­твори во змија, земи го во раката своја.
16 И речи му: Господ, Бог на Евреите, ме испрати кај тебе да ти кажам: ‚Пушти го народот Мој за да ми изврши служба во пустината!‘ Но ти, ете, досега не Го послуша.
17 Затоа Господ вели: ‚По ова ќе по­знаеш дека Јас сум Господ.‘ Еве, со ста­пов, што ми е во раката; ќе удрам по водата, што е во реката, и таа ќе стане крв.
18 И рибите што се во реката ќе изумрат, и реката ќе се усмрди, а Егип­ќа­ните не ќе можат да пијат вода од реката.“
19 Му рече Господ на Мојсеј „Кажи му на Арон: ‚Земи го стапот свој и пружи ја раката своја над водите еги­петски: над реките нивни, над потоците нивни, и над езерата нивни, и над сите нивни собиралишта на води; и тие ќе се претворат во крв. И сѐ ќе стане крв по целата египетска земја, и во дрвените и во камените садови.‘“
20 И направија Мојсеј и Арон така, како што заповеда Господ. И го зеде Арон стапот свој, па удри по речната вода пред очите на фараонот и слугите негови. И сета речна вода се претвори во крв.
21 И изумреа рибите, што беа во реката, и се усмрди реката, така што Егип­ќаните не можеа да пијат вода од реката; и крв имаше по целата египетска земја.
22 Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање. И срцето на фараонот се ожесточи и тој не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
23 Потоа се сврте фараонот и си отиде дома; и ни од тоа не се поучи тој.
24 А Египќаните, сите, почнаа да ко­паат околу реката, барајќи вода за пи­ење; зашто не можеа да пијат вода од реката.
25 И така изминаа седум дена, откако Господ ја казни реката.
26 Потоа Господ пак му рече на Мој­сеј: „Оди кај фараонот, и речи му вака вели Господ: ‚Пушти го народот Мој, да Ми изврши служба.‘
27 А ако не се согласиш да го пуштиш, еве, Јас ќе ја казнам целата земја твоја со жаби;
28 и реката ќе се исполни со многу жаби, и тие ќе излезат и ќе влезат кај тебе дома, и во твојата спална, и во постелата твоја, и во куќите на слугите твои и народот твој, и во печките твои, и во ноќвите твои.
29 Врз тебе ќе скокаат жаби и врз на­родот твој и врз слугите твои.“