Exodus 37
1 И направи Веселеил од дрвото шитим ковчег, два и пол лакти долг, еден и пол лакот широк и лакот и пол висок;
2 го опкова однатре и однадвор со чисто злато и му направи златен венец наоколу;
3 излеа за него четири алки од злато за четирите негови агли: две алки за едната негова страна, и две за другата;
4 направи лостови од дрвото шитим и ги опкова со злато;
5 и ги спровре лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да може ковчегот да се носи.
6 Потоа направи капак од чисто злато: во должина — два и пол лакти; во ширина — лакот и половина.
7 Направи и два херувима од злато; ги направи исковани на двата краја од капакот;
8 едниот херувим на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај; херувимите ги направи да се издаваат од обата краја на капакот.
9 И херувимите беа со раширени крилја, одозгора, и со крилјата свои го покриваа поклопецот — чистилиште, а со лицата свртени еден спрема друг, и насочени кон чистилиштето.
10 Направи и трпеза од дрвото шитим, со должина од два лакти и ширина од лакот, а лакот и половина во височина.
11 И ја опкова со чисто злато, и наоколу ѝ направи златен венец;
12 потоа ѝ направи страници наоколу, колку дланка широки, а по страниците ѝ направи златен венец.
13 Излеа за неа четири алки од злато, и алките ги прицврсти на четирите агли при четирите нозе,
14 на страниците имаше алки, низ кои беа проврени лостови, за да може трпезата да се носи.
15 А лостовите ги направи од дрвото шитим, за носење на трпезата, и ги покри со злато.
16 Потоа направи садови од чисто злато, определени за трпезата: чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ќе се прелива.
17 Направи и светилник од чисто злато, кован го направи: стеблата и гранките, чашките, јаболчињата и цветовите му излегуваа од него.
18 Шест гранки му излегуваа од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки на другата страна од светилникот;
19 три чашки како бадемов цвет со јаболче и цветови имаше на едната гранка, а три чашки како бадемов цвет со јаболче и цветови на другата гранка; така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот.
20 А на самиот светилник имаше стебло со четири чашки како бадемов цвет со јаболчиња и цветови:
21 едно јаболче беше под двете гранки од него, и едно јаболче под другите две гранки од него; така и под третите две гранки од шест гранки што излегуваа од него.
22 Јаболчињата нивни и гранките нивни излегуваа од него; целиот беше искован од чисто злато.
23 И му направи седум кандилца, а и штипки и пепеларки од чисто злато;
24 од кикар чисто злато го направи со сиот негов прибор.
25 И направи жртвеник за кадење од дрвото шитим: лакот долг и лакот широк, четириаголен, два лакти висок; и од него му излегуваа роговите;
26 па го опкова со чисто злато одозгора и страните наоколу, а и неговите рогови; му направи и златен венец наоколу;
27 и две алки од злато му направи под венецот на двата агли негови, ги направи од двете негови страни, за да се спроврат низ нив лостовите, за да може да се носи.
28 Лостовите ги направи од дрвото шитим, и ги опкова со злато.
29 И направи масло за свето помазание и мирисно кадиво, чисто, со вештина на мироварец.