Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Exodus 38

:
Macedonian - 2006
1 И направи од дрвото шитим жртвеник за жртви сепаленици; пет лакти долг и пет лакти широк, четириаголен, три лакти висок;
2 а направи и рогови на неговите четири агли, така што роговите да из­легуваат од него, и го опкова со бакар.
3 И го направи сиот прибор за жр­тве­никот: котлите, лопатчињата, поти­ри­те, вилушките и кадилниците; сиот прибор го направи од бакар.
4 А на жртвеникот му направи ре­шетка од бакар како мрежа, од дното па до средината, наоколу;
5 и излеа четири алки за четирите агли на решетката од бакар, за да се провлечат низ нив лостови за носење.
6 А лостовите ги направи од дрвото шитим и ги опкова со бакар.
7 Па ги провлече лостовите низ ал­ките од обете страни на жртвеникот, за да може да се носи; од штици го направи, празен однатре.
8 Направи и мијалник од бакар и под­ножје од бакар со убави шарки, кои го красеа влезот на скинијата.
9 И двор направи од јужната страна, а завесите му беа од пресукан лен, по сто лакти долги;
10 дваесет столбови за нив, и дваесет подножја под нив од бакар; а кукичките за столбовите и обрачите нивни беа од сребро.
11 Така и од северната страна завеси од сто лакти; столбови за нив дваесет и подножја под нив од бакар дваесет; а и кукичките за столбовите и обрачите нивни од сребро.
12 А од западната страна завеси од педесет лакти: десет столбови за нив, и подножја десет; кукичките за столбовите и обрачите нивни од сребро;
13 и од источната страна, завеси од педесет лакти.
14 За едната страна на вратата завеси од петнаесет лакти, три столбови за нив и три подножја под нив;
15 и за другата страна завеси од петнаесет лакти, три столба за нив, и подножја под нив три.
16 Сите завеси на дворот наоколу беа од пресукан лен,
17 а подножјата на столбовите од бакар, кукичките за столбовите и обрачите на нив од сребро; и врвовите нивни беа со сребро обложени; и сите столбови на дворот беа со сребрени обрачи поврзани.
18 А завесата на вратата од дворот везена од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, долга дваесет лакти, а во висина по целата ширина пет лакти, како и другите завеси во дворот;
19 и четири столба за неа, и четири подножја под нив од бакар; кукичките им беа од сребро, врвовите нивни по­сребрени, а и обрачите нивни беа од сребро.
20 Сите колчиња околу скинијата и дворот беа од бакар.
21 Ете, тоа се изработките за скинијата на собранието, направени по заповедта на Мојсеј од левитите, а под надзор на свештеникот Итамар, син на Арон.
22 А сѐ она како што му заповеда Господ на Мојсеј, го направи Веселеил, син на Уриј, синот Оров, од племето Јудино.
23 И со него Охолијав, синот Ахи­самахов, од племето Даново, резбар, вешт ткајач и везач на сина, пурпурна и црвена и ленена ткаенина.
24 Сето злато, што беше употребено за сиот прибор на светилиштето, злато, принесено на дар, беше дваесет и девет кикари и седумстотини и триесет шекели, свештени шекели;
25 а среброто преброено од дародав­ците сто кикари и илјада седумстотини седумдесет и пет шекели, свештени шекели.
26 По половина шекел од човек, пре­сметано според свештениот шекел, од секој што доаѓа на пребројување, од дваесет години и нагоре, од шестотини и три илјади петстотини и педесет души.
27 Сто кикари сребро беа употребени за лиење на подножјата за светилиш­тето и подножјата за завесите; сто подножја од сто кикари, по кикар на подножје;
28 а од илјада седумстотини седумдесет и петте шекели тој направи кукич­ки за столбовите и опков за врвовите нивни, а направи и обрачи за нив.
29 А од принесениот дар во бакар има­ше седумдесет кикари, и две илјади и четиристотини шекели;
30 и од него ги направи тој подножјата за влезот во скинијата, и жртвеникот од бакар како и решетката од бакар за него, и сиот прибор за жртвеникот;
31 подножјата за целиот двор наоколу, подножјата за вратата на дворот, и сите колчиња за скинијата и сите колчиња за дворот наоколу.