Exodus 332006

1И Господ му рече на Мојсеј: „Крени се оттука ти и народот, кого го изведе од земјата египетска и оди во земјата, за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков, велејќи: на потомството ваше ќе му ја дадам;

2и ќе испратам пред тебе ангел, и ќе ги изгонам Хананците, Аморејците, Хитијците, Перизијците, Евејците и Јевусијците:

3и ќе те воведам во земјата, каде што тече мед и млеко; Самиот нема да одам со вас, за да не ве погубам по патот, бидејќи вие сте тврдоглав народ.“

4А народот кога го чу тој страшен збор, се расплака, и никој не го кладе на себе накитот свој.

5Зашто Господ му беше рекол на Мојсеј: „Кажи им на синовите израел­ски: вие сте тврдоглав народ; само за миг да се симнам помеѓу вас, ќе ве ис­тре­бам; а сега симнете го од себе накитот свој, а Јас ќе ви покажам што ќе на­правам со вас.“

6И ги извадија накитите од себе синовите израелски на планината Хорив.

7А Мојсеј го зеде шаторот свој, и го распна надвор од логорот, и се нарече скинија на собранието; и секој што Го бараше Господа, доаѓаше во скинијата на собранието, која се наоѓаше надвор од логорот.

8И кога Мојсеј тргнуваше кон скинијата, сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеј, до­дека не влезе во скинијата.

9А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеј.

10И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на ски­нијата; и сиот народ стануваше, и секој се поклонуваше пред влезот на својот шатор.

11И тогаш Господ зборуваше со Мој­сеј лице в лице, како што човек збо­рува со пријателот свој. Потоа Мојсеј се вра­ќаше во логорот, додека неговиот по­мош­ник, младиот Исус, синот Навинов, не излегуваше од скинијата.

12И Мојсеј му рече на Господ: „Ете, Ти ми велиш: ‚води го тој народ‘, и не ми јави кого ќе пратиш со мене, иако ми рече: ‚Јас те знам по име и ти најде милост пред Мене.‘

13Па, ако, сум нашол милост пред Тебе откриј ми се да Те разберам, та и понатаму да најдам милост пред Тебе, и да видам дека овие луѓе се Твој народ.“

14И му рече: „Јас Самиот ќе врвам пред тебе, и ќе те успокојам.“

15А тој му рече: „Ако Ти Самиот не појдеш со нас, тогаш не изведувај нѐ одовде,

16зашто, по што ќе познаеме дека јас и народот Твој сме нашле милост пред Тебе, освен по тоа што Ти одиш со нас? И по тоа ќе се разликуваме и народот Твој од сите други народи што се на земјата.“

17И Господ му рече на Мојсеј: „Ќе го направам и тоа, што го кажа, зашто ти најде милост пред Мене, и те познавам многу добро.“

18Пак рече: „Покажи ми ја славата Своја.“

19Му одговори: „Ќе ја покажам пред тебе сета Моја слава, и ќе Го изговорам името Господово пред тебе, и кој е за помилување, ќе го помилувам, и кој е за утешение — ќе го утешам.“

20И потоа рече: „Но лицето Мое не ќе можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив.“

21И пак рече Господ: „Ене место кај Мене, застани на онаа карпа!

22А кога ќе помине славата Моја, ќе те ставам во пукнатината на карпата, и ќе те засолнам со раката Своја, додека не поминам;

23а кога ќе ја кренам раката Своја, ти ќе ме видиш откај грбот, но лицето Мое не ќе можеш да го видиш.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Exodus 33.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.