Exodus 312006

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

2„Ете, го определив по име Веселеил, син на Уриј, синот на Ор, од племето Јудино;

3и го исполнив со Духот Божји, со мудрост, разум, знаење и секаква умешност;

4да работи со злато, сребро и бакар;

5да реже камења, да прави дрвени изработки, за секакви потреби.

6И, ете, му го дадов за помошник Охо­лијав, синот на Ахисамах, од племето Даново; и на сите способни луѓе им дадов разум да се потрудат да направат сѐ како што ти заповедав:

7скинијата, и ковчегот на заветот, и чистилиштето над него, и сиот прибор во скинијата;

8и трпезата со сите нејзини принадлежности, и светилникот од чисто злато со сите делови негови, и кадилниот жртвеник;

9жртвеникот за жртви сепаленици со сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово;

10и одеждите на Арон за служење и одеждите на синовите Аронови, со кои ќе ми свештенодејствуваат;

11и маслото за помазание, и кадивото благопријатно за светилиштето — сѐ нека направат така, како што ти заповедав.“

12И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

13„Кажи им на синовите на Израел така: пазете ги саботите Мои, зашто тоа е знак меѓу Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ, Кој ве осветува.

14Пазете ја саботата, бидејќи таа е света за вас: кој ќе ја оскверни, да се погуби. Секој, кој ќе врши некаква работа во тој ден, таа душа нека се истреби од народот свој.

15Шест дена нека се работи; а седмиот ден е сабота, ден за одмор, посветен на Господ: секој, кој ќе работи во саботен ден, нека се предаде на смрт.

16Затоа синовите израелски нека ги пазат саботите, празнувајќи ги во родовите свои како вечен завет.

17Тоа е знак меѓу Мене и синовите на Израел довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден си отпочина и се одмори.“

18И кога Бог престана да зборува со Мојсеј на Планината Синајска, му ги даде двете плочи на заветот — камени плочи, напишани со прст Божји.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Exodus 31.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.