Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Exodus 27

:
Macedonian - 2006
1 „Направи и жртвеник од дрвото шитим пет лакти долг и пет лакти широк; четириаголен да биде жрт­веникот и три лакти висок.
2 А на неговите четири агли направи им рогови, така што роговите да изле­гуваат од него; и опкови го со бронза.
3 Потоа направи за него котли за исипување во нив на пепелта, и ло­патчиња, и потири, и вилушки, и кадилници; сиот овој прибор направи го од бакар.
4 И направи му решетка од бакар во вид на мрежа, а на решетката од че­тирите нејзини агли, направи и четири алки од бакар;
5 и стави ги под рамката на жртве­никот, долу, така што решетката да зафаќа до средината на жртвеникот.
6 Направи за жртвеникот лостови, лостови од дрвото шитим, и опкови ги со бакар;
7 лостовите да се провлечат низ ал­ките, така што лостовите да излегуваат од двете страни на жртвеникот, за да се носи.
8 Ќе го направиш од штици, однатре да биде празен; како што ти беше по­кажано на гората, така да се направи.
9 Направи и двор на скинијата. На јужната страна, откај Негев, завесите за дворот треба да бидат од пресукан лен, сто лакти во должина од едната страна;
10 столбови за нив да има дваесет, а подножја од бакар дваесет; кукичките за нивните столбови и обрачите нивни да бидат сребрени.
11 Исто така и од северната страна завесите да бидат сто лакти долги; и дваесет столбови за нив со дваесет подножја од бакар; кукичките нивни и обрачите на столбовите да бидат од сребро.
12 А и по ширина на дворот, откај западната страна, да има завеси, долги педесет лакти; со десет столбови и десет подножја за нив.
13 А и од предната страна, кон исток, дворот треба да има педесет лакти ширина.
14 Од петнаесет лакти нека бидат завесите од едната страна, и за нив три столба и три подножја под нив;
15 и од другата страна завеси, од петнаесет лакти, со три столба за нив и три подножја под нив.
16 А за вратата на дворот завесата да е дваесет лакти, од сина, пурпурна и црвена волна и со пресукан лен уметничка работа; и четири столба за неа, со четири подножја под нив.
17 Сите столбови околу дворот треба да бидат поврзани со обрачи од сребро; и кукичките нивни да им се сребрени, а подножјата од бакар.
18 Во должина дворот да има сто лакти, во ширина по педесет насекаде, додека во висина пет лакти од пресукан лен, а подножјето од бакар.
19 Сиот прибор во скинијата за општа употреба и сите нејзини колови, и сите колови на дворот да се од бакар.
20 И заповедај им на синовите израелски да ти носат чисто масло, исцедено од маслинка, за светење, за да гори светилникот секогаш.
21 Во скинијата на собранието пред завесата, која ќе го закрива ковчегот на заветот, Арон и неговите синови нека го палат, да гори пред Господ од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите израелски.“