Exodus 252006

1И Господ му рече на Мојсеј, велејќи:

2„Кажи им на синовите на Израел да Ми соберат прилози: земете прилог кој од драго срце Ми дава.

3А прилогот што ќе го земете од нив да биде: злато, сребро и бакар;

4волна сина, црвена и светлоцрвена, лен и козина;

5и црвени овнешки кожи, фини кожи и дрвја од шитим;

6масло за светење, и мириси за мас­лото за помазание и за мирисно кадило;

7камења оникс и камења за украсување на ефодот и наградникот.

8Да Ми направите светилиште, од каде што ќе ви се јавувам вам.

9Сѐ, како што ќе ти покажам Јас на планината: и образецот на скинијата, и образецот на сите предмети во неа — така да направите.

10Направете ковчег од дрвото шитим, во должина од два и пол лакта, а во ширина еден и пол лакот, и во висина еден и пол лакот;

11и опкови го со чисто злато: опкови го однатре и однадвор; направи му зла­тен венец околу врвот;

12и излиј за него четири алки од злато, и постави ги на четирите негови долни агли: две алки од едната страна и две алки од другата страна.

13Направи од дрвото шитим лостови, и опкови ги со злато,

14и провлечи ги лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да се носи на нив ковчегот;

15лостовите во алките на ковчегот нека стојат, да не се вадат од нив.

16А во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам.

17Направи исто така и чистилиште: капак од чисто злато, долго два и пол лакта, а широко еден и пол лакот.

18И направи два херувима од злато, ковани направи ги и постави ги на двата краја од капакот;

19направи херувими: еден од едната страна, а друг од другата страна на капакот; направи ги херувимите на обете страни од чистилиштето.

20Херувимите да бидат со крилата угоре, та со крилата да го засолнуваат капакот, а со лицата свртени еден спроти друг; лицата на херувимите нека бидат свртени кон чистилиштето.

21И стави го капакот одозгора врз ковчегот, а во ковчегот положи го заветот, што ќе ти го дадам Јас:

22и тука, над капакот, меѓу двата хе­рувима, кои ќе бидат над ковчегот на заветот, ќе ти се јавувам тебе и оттаму ќе ти зборувам тебе и за сѐ ќе им заповедам преку тебе на синовите изра­елски.

23Направи и маса од дрвото шитим: долга два лакта, а широка еден лакот, висината да ѝ е лакот и половина.

24И опкови ја со чисто злато, а на­прави и златен венец околу неа;

25и направи ѝ наоколу страници една дланка широки со венец наоколу;

26а направи за неа и четири алки од злато, и прицврсти ги алките на че­тирите агли од нејзините четири нозе;

27на страниците нека има алки, за да можат во нив да се стават лостови, па трпезата со нив да се подигнува;

28направи ги лостовите од дрвото ши­тим и опкови ги со злато; и со нив ќе се крева трпезата.

29Направи за неа чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ќе се врши преливање; а ќе ги направиш од чисто злато.

30На трпезата поставувај ги секогаш лебовите принесени пред Мене.

31И направи светилник од чисто зла­то; светилникот нека биде кован; него­виот столб, неговите гранки и чашки со јаболкца и неговите цветови — сите тие од него да излегуваат;

32шест гранки нека излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот;

33три чашки во облик на бадемов цвет, со јаболче и цветови нека има ед­ната гранка, и три чашки како бадемов цвет, со јаболче и цветови на другата гранка; и така нека има на шесте гранки, што излегуваат од светилникот,

34а на самиот светилник нека има че­тири чашки во вид на бадемов цвет, со јаболкца и цветови;

35едно јаболче под две гранки, од не­го, и едно јаболче под другите две гранки, од него, и едно јаболче под другите две гранки — така под шесте гранки што излегуваат од светилникот.

36Јаболчињата и гранките нивни од него треба да излегуваат; целиот да биде кован од чисто злато.

37И направи му седум кандила, и ста­ви ги кандилата негови да светат од предната негова страна;

38а и штипките и пепеларките за нив нека бидат од чисто злато;

39од еден кикар чисто злато да напра­виш свеќник, со сиот негов прибор.

40И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Exodus 25.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.