Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Exodus 24

:
Macedonian - 2006
1 И Бог му рече на Мојсеј: „Качете се кај Господ ти и Арон, Надав и Авиу и седумдесет старешини израелски и поклонете Му се оддалеку;
2 и да пристапи Мојсеј сам до Господ, но тие, да не пристапуваат, и народот со нив да не се искачува.“
3 Дојде Мојсеј и му ги повтори на народот сите зборови Божји и сите заповеди. И сиот народ одговори во еден глас, и рече: „Сите наредби што ги кажал Гос­­под, ќе ги извршуваме.“
4 И ги напиша Мојсеј сите зборови Господови, па станувајќи утредента рано, подигна жртвеник под гората, и дванаесет столбови за дванаесетте изра­елски колена,
5 и прати момчиња од синовите изра­елски, и тие принесоа жртви сепаленици и заклаа телиња за жртва за мир на Господ.
6 Потоа Мојсеј зеде половина од крвта и ја налеа во чаша, а другата половина од крвта ја изли на жртвеникот;
7 па ја зеде книгата на заветот и му ја прочита гласно на народот, а тие рекоа: „Сѐ, што рекол Господ, ќе правиме и ќе бидеме послушни.“
8 Тогаш Мојсеј ја зеде крвта, и го по­прска со неа народот, велејќи: „Ова е крвта на заветот, кој го воспостави Господ со вас за сите овие зборови.“
9 Потоа Мојсеј и Арон, Надав и Авиу, и седумдесетте старешини израелски се искачија горе
10 и Го видоа Бога израелски; а под­ножјето Негово како да беше од камен сафир, со сјај како сводот небески по чистота.
11 И Тој не повреди никој од избра­ните меѓу синовите на Израел: тие Го видоа Бога, па јадеа и пиеја.
12 И Господ му рече на Мојсеј: „Качи се кај Мене на планината и остани тука; ќе ти дадам камени плочи со закон и заповеди, што ги напишав за да им бидат закон.“
13 Тогаш стана Мојсеј со Исус, него­виот помошник, и се искачи Мојсеј на планината Божја,
14 а на старешините им рече: „Поче­кајте тука додека се вратиме кај вас; а, ете, Арон и Ор се со вас, па, ако има некој нешто за судење, нека оди кај нив.“
15 И се искачи Мојсеј на планината, и облак ја покри планината,
16 и беше славата Господова на Синај­ската Планина; и облак ја покриваше шест дена; а во седмиот ден го повика Мојсеј од облакот.
17 А славата Господова се гледаше како оган што гори на врвот од планината пред синовите израелски.
18 И Мојсеј влезе среде облакот и се качи на планината; и остана таму Мој­сеј четириесет дена и четириесет ноќи.