Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Exodus 23

:
Macedonian - 2006
1 „Не примај лажни изјави; не мешај се со безбожник, та да бидеш сведок на насилство.
2 Не поведувај се по мнозинството да правиш зло и не согласувај се со мнозинството против правдата.
3 Кон сиромавиот не биди пристрасен кога води спор.
4 Ако сретнеш вол на непријателот, или негово магаре заскитано, одведи го кај него.
5 Ако видиш дека на твојот непријател му паднало магарето под неговиот товар, немој да го одминуваш, но да му помогнеш да се крене со него.
6 Немој да ја извртуваш правдата на сиромавиот твој кога води судски спор.
7 Бегај од неправдата и не убивај невин и праведен, бидејќи Јас нема да го оправдам беззаконикот.
8 Не примај мито, зашто митото ги заслепува очите на оние што гледаат и ги извртува делата на праведните.
9 Туѓинец не притеснувај; вие знаете каква му е душата на туѓинецот, би­дејќи и самите бевте туѓинци во земјата египетска.
10 Шест години сеј ја земјата своја и собирај ги плодовите нејзини,
11 а седмата остави ја нека отпочине, за да се хранат сиромасите на твојот народ; а со она, што ќе остане по нив, нека се хранат полските ѕверови; така прави и со лозјето твое и со маслинарникот твој.
12 Шест дена врши ги работите свои, а во седмиот ден отпочини, за да здивне волот твој и магарето твое, и да се одмори синот на робинката твоја, како и придојдениот.
13 Пазете го сето она, што ви го ка­жав. Не спомнувајте ги имињата на ту­ѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша.
14 Трипати годишно прославувај Ме со празник:
15 пази го празникот Бесквасници; седум дена јади бесквасни лебови, како што ти заповедав, во определеното вре­ме во месецот авив, зашто во тој месец си излегол од Египет; да не се јавуваш пред Мене празен;
16 и празникот на жетвата од првите плодови од твојот труд, што си ги посеал на нивата твоја, и празникот на берењето плодови на крајот од секоја година кога го собираш родот од твоите ниви.
17 Трипати годишно сите твои од машки пол треба да се јавуваат пред Господ.
18 Крвта од жртвата Моја да не се излива врз квасен леб, и од Мојата празнична жртва да не се остава до изутрина.
19 Првите плодови од земјата твоја принесувај ги во домот на Господ, твојот Бог. Немој да вариш јаре во млеко од неговата мајка.
20 Еве, Јас праќам пред тебе ангел, за да те чува по патот, и да те воведе во земјата што сум ти ја приготвил.
21 Почитувај го и слушај го неговиот глас; и не противи му се, зашто и тој нема да ви го прости гревот, бидејќи името Мое е во него.
22 Ако го послушаш гласот негов, и ако го извршуваш сѐ она што ќе ти речам, ќе им бидам непријател на непријателите твои и противник на противниците твои.
23 Кога ангелот Мој ќе појде пред тебе и те одведе кај Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, Евејците и Је­ву­сијците, и кога ќе ги истребам:
24 немој да им се поклонуваш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку скрши ги и спомениците нивни уништи ги.
25 Служете Му на Господ, вашиот Бог, и Тој ќе го благослови лебот твој, и водата твоја; и ќе те чувам од секаква болест.
26 Жени што пометнуваат и жени бездетни нема да има во земјата твоја; и ќе направам бројот на деновите твои да биде полн.
27 И ќе го пуштам ужасот Мој пред тебе, и ќе го уплашам секој народ, на кој ќе наидеш, и ќе ги свртам кон тебе грбовите на сите непријатели твои.
28 Ќе пратам пред тебе и стршени, и ќе ги изгонат Евејците, Хананците и Хитијците.
29 Нема да ги истерам пред тебе за една година, за да не се запусти земјата и ѕверовите полски да не се размножат против тебе.
30 Малку по малку ќе ги изгонувам пред тебе, додека не се намножиш и не завладееш со земјата.
31 И ќе ти ја поставам границата твоја од Црвеното Море до Филистејското Море, и од пустината до реката, и ќе ви ги предадам во рацете оние, кои живеат во таа земја, и ќе ги истераш пред тебе.
32 Со нив, и со боговите нивни да не сврзуваш завет.
33 Да не останат во земјата твоја, за да не те наведат на грев против Мене; зашто, ако им служиш на боговите нивни, тоа ќе биде за тебе стапица.“