Exodus 152006

1Тогаш, Мојсеј и синовите израелски ја запеаја оваа песна на Господ, велејќи: „Да Го воспеам Гос­пода, зашто славно се прослави: коњот и коњаникот негов ги фрли в море.

2Господ е моја сила и моја слава; Тој е спасение мое; Тој е Бог мој, и ќе Го прославувам; Бог на таткото мој, и ќе Го превознесувам.

3Господ е воин; Јахве е името Негово.

4Колите фараонови и војската негова ги фрли в море; избраните војводи негови се удавија во Црвено Море.

5Бездните ги покрија; тие потонаа во длабочините, како камења.

6Десницата Твоја, Господи, се про­слави со сила; десната рака Твоја, Гос­поди, го уништи непријателот.

7И со величието на славата Твоја Ти ги собори оние, кои станаа против Тебе; Ти го излеа гневот Свој, и тој ги изгоре како слама.

8Од здивот на ноздрите Твои водите се расцепија, брановите се издигнаа ка­ко ѕид; бездните морски станаа тврди.

9Непријателот рече: ‚Ќе гонам, ќе стигнам, плен ќе разделам, ќе се насити со нив душата Моја, ќе го извадам мечот Свој, ќе ги уништи раката Моја.‘

10Ти дувна со здивот Твој, и морето ги покри; и тие потонаа како олово во силните води.

11Кој е како Тебе меѓу боговите, Господи? Кој е како Тебе прославен во светоста Своја, прекрасен во славата Своја и Творец на чуда?

12Ти ја пружи десницата Своја и земјата ги голтна.

13Според милоста Твоја го водиш овој народ, кого Ти го избави, и го спроведуваш со силата Своја во живеалиштето на Светоста Твоја.

14Народите слушнаа и затоа трепе­рат: ужас ги опфати жителите на земјата филистејска.

15Тогаш се збунија поглаварите едомски, страв и трепет ги обзеде кнезовите моавски, се уплашија сите жители ха­нански.

16Нека ги опфати страв и ужас; од силата на раката Твоја нека онемеат како камен, додека не помине народот Твој, Господи, додека не помине овој народ што си го придобил.

17Одведи го и смести го во планината на Твоето наследство, во место, кое Ти Господи, си го приготвил за живе­алиште Свое, во светилиштето создадено со рацете Твои, Господи!

18Господ ќе царува секогаш и во вечност.

19Кога коњите фараонови со колите негови и со коњаниците негови влегоа во морето, Господ ги поврати врз нив водите морски: а синовите на Израел поминаа по суво среде море.“

20И пророчицата Мирјам, сестрата Аронова, зеде тимпан во раката своја, а по неа излегоа сите жени со тимпани и со игра.

21И запеа Мирјам пред нив: „Пејте Му на Господ, зашто славно се про­слави: коњот и коњаникот в море ги фрли.“

22Потоа ги поведе Мојсеј синовите израелски од Црвеното Море, и тие на­влегоа во пустината Сур; и одејќи низ пустината три дена, не најдоа вода за пиење.

23Дојдоа во Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше гор­члива; затоа и го нарекле тоа место Мара.

24Тогаш народот почна да вика против Мојсеј, велејќи: „Што ќе пиеме?“

25Извика Мојсеј кон Господ, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му да­де наредби и закони, и таму го подложи на проверка.

26И му рече: „Ако го послушаш до­бро гласот на Господ твојот Бог, ако правиш што е угодно пред очите Него­ви, ако ги слушаш заповедите Негови и ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, твојот исцелител.“

27Потоа стигнаа во Елим; таму има­ше дванаесет извори и седумдесет палми; и се улогорија таму крај водите.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Exodus 15.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.