Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Exodus 13

:
Macedonian - 2006
1 Му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2 „Посвети ми го секое првородено, кое ја отвора секоја утроба меѓу сино­вите израелски: и од луѓето, и од до­битокот. Тие Мене ми припаѓаат!“
3 И Мојсеј му рече на народот: „По­мнете го овој ден, во кој излеговте од Египет, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Господ оттаму; и не јадете ништо со квас.
4 Денес излегувате, во месецот авив.
5 Затоа, кога Господ ќе те воведе во земјата на Хананците, Хитијците, Амо­рејците, Евејците и Јевусијците, за која им се заколнал на татковците твои дека ќе ти ја даде земјата во која тече мед и млеко тогаш служи ја оваа служба во овој месец!
6 Седум дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Гос­по­дов.
7 Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе квасен леб, ниту да се најде нешто квасно во сите твои краеви.
8 И во тој ден кажи му на синот твој, велејќи: Ова е за она, што ми го напра­ви Господ, кога излегував од Египет!
9 И тоа нека ти биде знак на раката твоја и споменик пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со силна рака Господ те изведе од Египет.
10 Затоа овој закон запазувај го секоја година во определено време!
11 А кога ќе те воведе Господ, во земјата Хананска, како што ти се заколна тебе и на твоите татковци, и ќе ти ја предаде;
12 на Господ ќе Му го одделуваш секое првородено од машки пол, што отвора утроба и секое првородено од стадата или добитокот, што го имаш, а е од машки род, посвети Му го на Господ!
13 А секое првородено магаре замени го со јагне; ако, пак, не го замениш, откупи го. И секое првороденче од човек меѓу синовите твои откупувај го!
14 А кога ќе те запраша синот твој тогаш и ти рече: ‚Што е тоа?‘ Кажи му: ‚Зашто со силна рака Господ нѐ изведе од Египет, од домот на ропството.‘
15 Зашто, кога упорствуваше фара­онот да не нѐ пушти, го уби Господ секој првороден во земјата египетска, од првенец човечки до првородено во добитокот; затоа Му го принесувам на Господ како жртва секое машко, кое отвора утроба, а секој првороден меѓу синовите мои го откупувам.
16 И тоа нека ти биде знак на раката твоја и наместо завој над очите твои, бидејќи со силна рака Господ нѐ изведе од Египет.“
17 А кога фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот преку филистејската земја, иако е пократок; зашто Бог рече: „За да не би да се покае народот, кога ќе види војна, па да се врати во Египет.“
18 Бог го поведе народот по патот преку пустината кон Црвеното Море. А синовите израелски излегоа од египетската земја вооружени.
19 И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто тој ги беше заколнал синовите на Израел, велејќи: „Господ навистина ќе ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со се­бе.“
20 И откако појдоа од Сукот, се настанија во Етам, при крајот на пустината.
21 А Господ одеше пред нив, дење како столб од облак, а ноќе во вид на огнен столб, за да им свети; така тие можеа да одат дење и ноќе.
22 И не се иставаше пред народот столбот облак дење, ни столбот од оган ноќе.