Ecclesiastes 92006

1И сево ова го ставив во срцето свое, за да испитам дека праведните и мудрите нивни дела се во рацете Божји, и дека човекот не знае ни за љубов, ни за омраза во сето тоа, што е пред него.

2За секој и за сите е едно: една судбина за праведен и неправеден, за добар и лош, за чист и нечист, како за оној кој принесува жртви, така и за оној кој не принесува; како за добар, така и за грешник; како за оној што се колне, така и за оној што се плаши од клетва.

3Токму тоа е најлошо од сѐ што се случува на земјата, дека еден е крајот за сите, па затоа срцето на синовите човечки е полно со зло, и безумие има во срцето нивно додека се живи; а потоа тие умираат.

4Кој е меѓу живите, има уште на­деж, бидејќи и куче живо е подобро, отколку мртов лав.

5Живите знаат дека ќе умрат, а мрт­вите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот,

6и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што се случува на земјата.

7И така, оди, јади го радосно лебот свој и пиј го со радосно срце виното свое, кога Бог има наклоност кон твои­те дела.

8Во секое време облеката да ти биде празнична, и секогаш да има миризливи мазила на лицето твое.

9Во сите дни на својот суетен живот насладувај се од животот заедно со же­ната, што ја сакаш, и која ти ја дал Бог на земјата за сите твои суетни дни; зашто, тоа е твој дел во животот и во твоите трудови, со кои се трудиш на земјата.

10Сѐ, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.

11И пак видов на земјата дека на бр­зите не им се дава победа, ниту на храб­рите — битката, ниту на мудрите — леб, ниту на разумните — богатство, ниту на искусните — благонаклоност, но времето и приликите им се слу­чуваат на сите нив.

12Зашто човек не знае кога ќе го снај­де несреќа. Како што рибите налетуваат во погубна мрежа, и како што пти­ците се заплеткуваат во примки, така и синовите човечки се уловуваат во теш­ко време, кога тоа неочекувано ќе дојде за нив.

13Еве уште каква мудрост видов на земјата, и таа ми се причини голема:

14мал град и во него малку луѓе; дојде против него голем цар, го оп­коли и почна околу него да издига големи опсадни направи;

15но во него се најде човек сиромав, но умен, и тој со својата мудрост го спа­си тој град; и при сето тоа никој не се сети за тој сиромав.

16И јас си реков: мудроста е по­добра од силата, и при сето тоа што мудроста на сиромавиот се пренебрегнува, и збо­ровите негови не се слушаат.

17Зборовите на мудрите, искажани спокојно, се ислушуваат подобро, от­колку викањето на кнез меѓу глупаци.

18Мудроста е подобра од воено ору­ж­је; но еден грешник расипува многу добри работи.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Ecclesiastes 9.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.