Ecclesiastes 22006

1Си реков во срцето свое: „Ајде ќе те испитам во веселба: уживај во наслади!“ Но ете, и тоа беше суета!

2За смеата реков — глупост е, а за веселбата: каква полза од неа?

3Си помислив во срцето свое да го насладам телото свое со вино и, додека срцето мое се води по мудроста, да се придржувам и за глупоста сѐ додека да видам, што е подобро за синовите чо­вечки, што би требало да прават тие под небото во текот на малкуте денови од својот живот.

4Презедов големи работи: си изгра­див куќи, си насадив лозја,

5си уредив градини и овоштарници и посадив таму секакви овошни дрвја;

6си направив водостои за поливање на овошните дрвја;

7придобив слуги и слугинки, имав и слуги родени во домот мој; имав и крупен и ситен добиток, повеќе од сите, што беа пред мене во Ерусалим;

8насобрав сребро и злато и скапо­цености од цареви и области; си доведов пејачи и пејачки и тоа, што ги насладува синовите човечки — многу жени.

9И така станав јас поголем и побогат од сите, што беа пред мене во Еру­салим; а и мудроста моја остана со мене.

10Што и да посакаа очите мои, не им откажував, не му забранував на срцето свое никаква веселба, бидејќи срцето мое се радуваше со сите мои трудови; и тоа ми беше награда за сите мои трудови.

11И се обѕрнав, та погледнав на сите мои дела, што ги беа извршиле моите раце, и на трудот, со кој се бев трудел, извршувајќи ги: и ете — сѐ беше суета и мака за духот, и немаше од нив полза на земјата!

12Потоа се свртев да ги погледам мудроста, безумството и глупоста: што може да направи човекот што ќе ме наследи, посебно од она, што е веќе направено?

13И видов дека предимството на мудроста пред глупоста е токму такво, какво што е предимството на светлината пред темнината:

14на мудриот очите му се во главата негова, а глупавиот оди во темнина; но дознав дека крајот на сите им е еднаков.

15Тогаш си реков во срцето свое: „И мене ќе ме стигне истото, како и глупавиот; зошто толку многу сакав да станам мудар?“ Па си реков во срцето свое дека и тоа е суета.

16Зашто нема да го помнат мудриот вечно, како и глупавиот; по време сѐ ќе се заборави, и, мудриот умира, како и безумниот.

17Тогаш го намразив животот, биде­јќи ми станаа одвратни работите, што се вршат под сонцето; зашто сѐ е суета и измачување на духот.

18И го намразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето, затоа што тре­ба да го оставам на човек, што ќе дојде по мене.

19И кој знае: мудар ли ќе биде тој или глупав? А тој ќе располага со сиот мој труд, со кој сум се трудел и со кој сум се покажал мудар на земјата. Но и тоа е суета!

20Намислив да му внушам на срцето свое да се откаже од сиот труд, со кој се бев трудел на земјата,

21зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се трудел за тоа, — како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо!

22Зашто, што му останува на чове­кот од сиот негов труд и од грижата на срцето негово, што се труди на земјата?

23Бидејќи сите денови му се мачни, а трудовите негови — неспокојство; дури и ноќе срцето негово не знае за мир. Ете, и тоа е суета!

24И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов дека и тоа е од Божјата рака;

25зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога?

26Тој му дава мудрост, и разум и ра­дост на човекот, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава грижи, — да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Ecclesiastes 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.