Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ecclesiastes 11

:
Macedonian - 2006
1 Пуштај го лебот свој по водите, зашто по многу дни пак ќе го најдеш.
2 Давај дел на седум души, и дури на осум, зашто не знаеш, какво зло ќе настане на земјата.
3 Кога ќе се наполнат облаците, излеваат дожд на земјата; и ако едно дрво падне кон југ или кон север, тоа си останува таму, каде што и паднало.
4 Кој го набљудува ветрот, нема да сее, и кој гледа во облаците, нема да жнее.
5 Како што не ги знаеш патиштата на ветрот, ниту како настануваат коските во утробата на бремена жена, така не можеш да ги знаеш ни делата на Бога, Кој создава сѐ.
6 Изутрина сеј го семето твое и на­вечер нека не мируваат рацете твои, зашто не знаеш, едното, или другото повеќе ќе успее, или и едното и другото ќе бидат еднакво добри.
7 Слатка е светлината дневна за гле­дање, и пријатно е да се биде жив.
8 Ако човек проживее и многу години, нека се весели во текот на сите нив и нека си спомнува за темните дни, какви што ќе ги има многу: но сѐ што ќе биде, ќе биде суета!
9 Весели се во младоста своја, мом­че, и срцето твое да вкусува радост во дни­те на твојата младост; и оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат; само знај дека за сето тоа Бог ќе те изведе на суд.
10 Гони ја скрбта од срцето свое и от­странувај го злото од телото свое, зашто детството и младоста се суета!