Ecclesiastes 122006

1И спомнувај си за твојот Тво­рец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови, додека не настанале години, за кои ќе речеш: „Не ми се мили“;

2додека сонцето и светлината на месечината и на ѕвездите не потемнеле, и не дошле нови облаци по дождот;

3додека не настапил оној ден, кога куќните стражари ќе затреперат, и силните мажи ќе се подгрбават, кога воде­ничките ќе престанат да мелат, бидејќи останале малку; кога ќе се помрачат оние, што гледаат низ прозорец;

4кога портата ќе почне да се затвора; кога ќе замолкне шумот на рачните мелници, и кога човек ќе почне да ста­нува на птичји глас, и ќерките — пејачки ќе сопрат да пеат;

5кога висините за нив ќе бидат страшни, и по патот ќе има ужаси; кога ќе процути бадемот, и скакулецот ќе стане тежок, и желбата ќе помине; за­што човекот заминува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкру­жуваат по улица;

6додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не пад­не тркалото на бунарот.

7И ќе се врати правот во земјата, ка­ко што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал.

8Суета над суетите, вели проповедникот, сѐ е суета!

9Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на муд­рост. Тој сѐ испитуваше, изучу­ваше и остави многу мудри изреки.

10Проповедникот се трудеше да најде убави мисли и точно ги запиша зборо­вите на вистината.

11Зборовите на мудреците се како остени; како забиени клинци се ни­вните зборови, дадени од единствениот Пас­тир.

12А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги — тоа нема крај, а да читаш многу — и тоа е заморно за телото.

13А суштината на сѐ е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди, за­што тоа му е сета должност на човекот;

14зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Ecclesiastes 12.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.