Deuteronomy 302006

1Кога ќе се збиднат врз тебе сите тие зборови — благословите и клетвите, што ти ги изложив, и ти ќе ги земеш при срце кај сите народи, меѓу кои ќе те расее Господ, твојот Бог,

2и од сето срце и од сета душа своја ќе се обратиш кон Господ, твојот Бог, и ќе го послушаш гласот Негов ти и синовите твои, како што ти заповедам денес, —

3тогаш Господ, твојот Бог, ќе ти ги врати сите твои изгнаници, ќе се смили над тебе, и пак ќе те собере од сите на­ро­ди, меѓу кои те расеал Господ, твојот Бог.

4Макар и да бидеш растурен од крајот на небото па сѐ до крајот на небото и оттаму ќе те собере Господ, твојот Бог, и оттаму ќе те земе,

5и оттаму ќе те доведе Господ, твојот Бог, во земјата, што ја владееле твоите предци, и ќе ја наследиш, и ќе ти направи Господ добро и ќе те умножи повеќе од прадедовците твои;

6и ќе го очисти Господ срцето твое и срцето на потомството твое, за да Го сакаш Господа, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа своја, за да живееш;

7тогаш, Господ, твојот Бог, ќе ги префрли сите овие клетви на непријателите твои и на оние, што те мразеа и што те гонеа;

8и ти ќе се обратиш и ќе го слушаш гласот на Господ, и ќе ги исполнуваш сите заповеди Негови, што ти ги за­по­ведам денес;

9и ќе те благослови Господ, твојот Бог со изобилство во секоја работа на рацете твои, во плодот на утробата тво­ја, во плодот на добитокот твој, во ро­дот на земјата твоја; зашто Господ, од­но­во ќе се сврти кон тебе и ќе ти се радува, правејќи ти добро, како што се радуваше на предците твои,

10само ако го слушаш гласот на Гос­под, твојот Бог, и ги извршуваш сите заповеди и наредби Негови, напишани во книгата на овој закон, и ако се свр­тиш кон Господ, твојот Бог, со сето ср­це свое и со сета душа своја.

11Зашто оваа заповед, што денес ти ја давам, не е тешка за тебе, ниту е далеку од тебе.

12Таа не е на небото, за да може да се каже: „Кој од нас би се воздигнал на небото и би ни ја земал и донел да ја чуеме, та да ја исполниме?“;

13ниту е преку море, за да може да се каже: „Кој од нас би отишол преку море и би ни ја земал и дал да ја чуеме, та да ја исполниме?“

14Но оваа заповед е многу блиску до тебе: таа е во устата твоја и во срцето твое, за да ја исполнуваш.

15Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло.

16Ако ги слушаш заповедите на Гос­под, твојот Бог, што денес ти ги давам, — да Го сакаш Господа, твојот Бог, да одиш по сите патишта Негови и да ги извршуваш заповедите и законите Негови, — тогаш ќе живееш и ќе се намножиш, и Господ, твојот Бог, ќе те благослови во земјата, во која одиш, за да ја наследиш;

17ако, пак, се одврати срцето твое, и не послушаш, и се заблудиш, па почнеш да им се поклонуваш на други богови и да им служиш,

18тогаш, ви јавувам денес, дека ќе загинете и нема долго да останете на земјата, поради која ќе го минете Јор­дан, за да ја наследите.

19Сведоци ми се небото и земјата: живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое:

20да Го сакаш Господа, твојот Бог, да го слушаш гласот Негов и да се при­врзеш кон Него, зашто во тоа е твојот живот и долговечност; така ти ќе живееш на земјата, за која Господ им се беше заколнал на предците твои — Ав­раам, Исак и Јаков — дека ќе им ја даде.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Deuteronomy 30.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.