Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 27

:
Macedonian - 2006
1 Тогаш Мојсеј со старешините израелски му заповеда на народот, велејќи: „Пазете ги сите заповеди, што денес ви ги давам.
2 И кога во оној ден ќе го минете Јор­дан и дојдете во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, како дел, постави си големи камења и обели ги со вар;
3 и напиши ги на нив сите зборови од твојот закон, штом ќе го преминеш, за да влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, во земјата, каде што тече мед и млеко, како што им беше говорел Господ, твојот Бог, на твоите предци.
4 Кога ќе го преминете Јордан, пос­тавете ги тие камења, како што ви запо­ведам денес, на планината Евал и обе­лете ги со вар;
5 и изгради таму жртвеник на Господ, твојот Бог, жртвеник од камења; да не ставаш на нив железо;
6 жртвеникот на Господ, твојот Бог, изгради го од цели камења и принесувај врз него сепаленици на Господ, твојот Бог;
7 принесувај и жртви за мир, и јади таму, и весели се пред Господ, твојот Бог;
8 и врз тие камења напиши го многу јасно целиот овој закон.“
9 Тогаш Мојсеј со свештениците левити му рече на целиот Израел, велејќи: „Внимавај и слушај, Израеле: ти денес стана народ на Господ, твојот Бог.
10 И така, слушај го гласот на Господ, твојот Бог, и извршувај ги Неговите за­по­веди и наредби, што ти ги запо­ведам денес.“
11 И во тој ден му заповеда Мојсеј на народот, велејќи:
12 „Кога ќе го минете Јордан, овие племиња треба да застанат на планината Гаризим, за да го благословат народот: Симеон, Левиј, Јуда, Исахар, Јосиф и Венијамин;
13 а на планината Евал да застанат за да искажат проклетство овие: Рувим, Гад, Завулон, Дан и Нефталим.
14 Левитите да го известат народот и да им кажат на сите Израелци со висок глас:
15 ‚проклет да е оној човек, кој ќе на­прави изрезан или излиен идол, одвратност пред Господ, работа на уметнички раце, па го стави на скришно место! Целиот народ да извика и да рече: амин!
16 Проклет да е оној, што го навредува таткото свој или мајката своја! И целиот народ да каже: амин!
17 Проклет да е оној, кој ја поместува меѓата на ближниот свој! И целиот народ нека рече: амин!
18 Проклет да е оној, кој отстранува слеп човек од патот! И целиот народ нека каже: амин!
19 Проклет да е оној, кој криво суди дојденец, сирак или вдовица! И целиот народ нека рече: амин!
20 Проклет да е оној, кој ќе легне со жената на својот татко, зашто тој го открил крајот од покривката на таткото свој! И целиот народ да каже: амин!
21 Проклет да е оној, кој ќе легне со каков и да било добиток! И сиот народ нека рече: амин!
22 Проклет да е оној, кој ќе легне со сестрата своја, со татковата ќерка или со мајкината ќерка! И целиот народ да каже: амин!
23 Проклет да е оној, кој ќе легне со тештата своја! И целиот народ нека рече: амин!
24 Проклет да е оној, кој ќе го убие тајно ближниот свој! И целиот народ да каже: амин!
25 Проклет да е оној, кој зема поткуп, за да погуби душа и да пролее невина крв! И целиот народ нека рече: амин!
26 Проклет да е секој, кој не ќе ги исполни наредбите од овој закон и не ќе постапи според нив! И целиот народ да каже: амин!‘“