Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 25

:
Macedonian - 2006
1 Кога има расправија меѓу луѓе, нека ги доведат во суд и да ги судат; правиот да го оправдаат, а ви­новниот да го осудат;
2 а ако виновниот заслужува биење, да го легнат пред судиите и да го бијат поради вината негова.
3 Можат да му се удрат четириесет стапа, но не повеќе, за да не биде обез­личен и понижен братот твој пред те­бе.
4 Не врзувај уста на вол кога врши.
5 Кога браќата живеат заедно, и ед­ниот од нив умре без пород, жената на умрениот не смее да се омажи за надворешен човек, но деверот нејзин треба да влезе при неа, да ја земе за жена и да живее со неа,
6 и првородениот, што таа ќе го роди, да го носи името на умрениот брат, за да не се уништи името негово во Израел.
7 Ако, пак, тој не посака да ја земе за жена снаата своја, тогаш снаата негова да отиде кај портата пред старешините и да каже: „Братот на мојот маж не сака да го подигне името на братот свој во Израел, не сака да се ожени со мене.“
8 И старешините на градот негов да го повикаат и да му зборуваат, и ако тој стане и каже: „Не сакам да ја земам“,
9 тогаш снаата негова нека дојде при него пред очите на старешините, да собуе еден чевел од неговата нога, да го плукне в лице и да каже: „Така се пос­тапува со човек, кој не го подига домот на братот свој“;
10 и ќе му извадат име во Израел: „Дом на собуениот.“
11 Кога се тепаат меѓу себе двајца ма­жи, и жената на едниот се приближи за да го оттргне мажот свој од оној што го тепа, и, испружувајќи ја раката своја, го фати за срамните делови од телото,
12 пресечи ѝ ја раката: да не ја пожали окото твое.
13 Во торбата своја не смееш да имаш две мерила: големо и мало;
14 во куќата твоја да немаш двојна мерка: тешка и лесна;
15 мерило да имаш верно и праведно, и мерка да имаш точна и праведна, за да ти се продолжат деновите во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава;
16 бидејќи одвратен е пред Господ, твојот Бог, секој кој прави неправда.
17 Помни, како постапи со тебе Ама­лик, по патот, кога доаѓавте од Египет;
18 како тој не се уплаши од Бога и како ги погуби по патот сите кои заостанаа зад тебе од умор, кога ти беше алчен и изнемоштен, и не се уплаши од Бога.
19 И така, кога Господ, твојот Бог, ќе те успокои од сите твои непријатели, што се околу тебе во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како наследство да ја поседуваш, избриши го името на Амалик под небото; да не за­боравиш.