Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 24

:
Macedonian - 2006
1 Ако некој земе жена и поживее со неа, но таа не добие милост во очите негови, бидејќи нашол кај неа нешто што не му се допаѓа, па ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куќата своја,
2 а таа откако ќе излезе од куќата негова, се омажи за друг,
3 па, ако и тој маж ја намрази и ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куќата своја, или пак тој, вториот маж, што ја зел за жена, умре,
4 тогаш првиот нејзин маж, откако ја напуштил, не може пак да ја земе за жена по нејзиното осквернување, зашто тоа е одвратно пред Господ: не осквернувај ја земјата, што ви ја дава Господ, вашиот Бог, во наследство.
5 Ако некој скоро се оженил, нека не оди во војска, и да не му се наложува никаква работа; нека остане тој слободен во домот свој цела година и нека ја весели жената своја, што ја зел.
6 Никој да не зема во залог воденица, ни горен воденички камен, бидејќи таквиот во залог зема душа.
7 Ако биде фатен некој дека украл некого од браќата свои, од синовите Израелови, и го заробил и го продал, таквиот злочинец да биде предаден на смрт: така истребувајте го злото од са­мите себе.
8 При болеста лепра гледај внимателно да пазиш и да го исполнуваш целиот закон, што ќе ви го кажат свеште­ни­ците левити; исполнувај го грижливо, она што сум ви го заповедал;
9 помни, што ѝ направи Господ, твојот Бог, на Мирјам по патот, кога бевте излегле од Египет.
10 Кога ќе дадеш нешто во заем на ближниот свој, не оди дома кај него, за да земаш од него залог,
11 туку почекај надвор, а човекот, кому си му дал заем, ќе ти го изнесе залогот надвор;
12 ако е, пак, човекот сиромав, да не преноќева залогот негов кај тебе;
13 врати му го залогот на зајдисонце, за да спие со облеката своја и да те благослови; тоа ќе ти се смета за милост пред Господ, твојот Бог.
14 Не оставај го без награда бедниот и сиромав наемник од твоите браќа или од придојдените, кои се во градовите твои;
15 предај му ја дневницата во истиот ден, пред да зајде сонцето, бидејќи тој е беден, и на неа се надева, за да не повика против тебе кон Господ, за да не падне гнев врз тебе.
16 Татковците да не бидат осудувани на смрт заради децата, и децата да не бидат казнувани со смрт поради тат­ковците; секој да биде казнет со смрт за својот грев.
17 Не осудувај неправедно дојденец и сирак, и од вдовица не земај облека во залог;
18 сети се дека и ти беше роб во Еги­пет, и Господ, твојот Бог, те ослободи оттаму: затоа и ти заповедам да ги ис­полнуваш овие наредби.
19 Кога жнееш на нивата своја ако заборавиш сноп на нивата, не враќај се да го земеш: тој нека остане за придојдениот, за сиракот и вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите работи на рацете твои.
20 Кога ги береш маслинките свои, не враќај се да ги добереш останатите: тие нека останат за придојдениот, сиракот и вдовицата.
21 Кога го береш лозјето свое, не го бери докрај она што ќе остане по тебе: нека остане тоа за дојденецот, сиракот и вдовицата;
22 не заборавај дека и ти беше роб во египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова.