Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 23

:
Macedonian - 2006
1 Никој не смее да ја земе жената на таткото свој и да го открива крајот од покривката таткова.
2 Оној што е скопен или е со исечен полов орган не може да влезе во општеството Господово:
3 ниту син на блудница не може да се прими во Господовата заедница ни тој, ни неговите потомци до десетто колено.
4 Амонец и Моавец не смее да влегува во заедницата Господова; а нивните потомци да не се примаат во Гос­по­довата заедница и по десетото колено, довека,
5 затоа што тие не ве пресретнаа со леб и вода по патот, кога бевте излегле од Египет, и затоа што го наговорија против тебе Валаам Беоровиот син, од Петор во Горни Арам, за да те проколне.
6 Но Господ, твојот Бог, не сакаше да го чуе Валаам и ја сврте Господ, твојот Бог, клетвата негова во благослов за тебе, бидејќи Господ твојот Бог те засака;
7 не пожелувај им ни мир, ни добрина преку сите твои денови довека.
8 Не гнаси се од Едомец, бидејќи тој е твој брат; не гнаси се од Египќанин, зашто ти беше дојденец во земјата негова.
9 Потомците нивни, родени во трето колено, можат да бидат примени во Господовата заедница.
10 Кога одиш во бој против непријателите свои, пази се од сѐ што е лошо.
11 Ако кај тебе има некој нечист поради ноќна случка, тој треба да излезе надвор од логорот и да не влегува во него;
12 а вечерта да се измие со вода, и по зајдисонце нека влезе во логорот.
13 Ти треба да имаш место надвор од логорот, каде што ќе одиш да ги извршуваш своите физиолошки потреби;
14 покрај своето оружје, ти треба да имаш и лопатка; па кога ќе одиш таму надвор, ископај со неа јама и потоа покриј ја нечистотијата своја,
15 бидејќи Господ, твојот Бог, престојува во логорот твој, за да те избавува и да ги предава непријателите твои во твои раце; затоа логорот твој треба да биде свет, за да не види Тој кај тебе нешто нечисто и да не се оттргне од тебе.
16 Не предавај го робот на неговиот господар, кога ќе избега кај тебе од господарот негов;
17 нека живее со тебе, меѓу вас во секое место, што ќе му биде угодно; не го притеснувај.
18 Блудница од израелските ќерки да нема, и блудник да нема од синовите на Израел.
19 Во домот на Господ, твојот Бог, не принесувај блудничка награда, за никаков завет, тоа е одвратност пред Господ, твојот Бог.
20 Не му давај на братот свој со лихва, ниту сребро, ниту храна, ниту нешто друго, што се дава во заем со лихва;
21 на туѓинец давај му со лихва, а на братот свој не му давај со лихва; за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите твои работи на земјата, во која одиш да ја наследиш.
22 Ако Му дадеш завет на Господ, твојот Бог, бездруго исполни го, зашто Гос­под, твојот Бог, ќе го побара од тебе и врз тебе ќе падне грев;
23 ако, пак, не си ветил, нема да имаш грев.
24 Она што ќе излезе од устата твоја, запазувај го и исполнувај го, бидејќи со образ си Му ветил дар на Господ, твојот Бог, и доброволно си го кажал со устата своја.
25 „Кога ќе влезеш во лозјето на ближниот свој, грозје можеш да јадеш колку што душата ти сака, но во садот свој не клавај.
26 Ако влезеш во нивата на ближниот свој, скини класја во рацете свои, но со срп да не жниеш.“