Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 22

:
Macedonian - 2006
1 Ако видиш вол од ближниот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај него;
2 ако, пак, ближниот твој, не е близу до тебе, или, пак, не го познаваш, при­бери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека тој не ги побара, и тогаш врати му ги;
3 така постапувај со магарето негово, така постапувај со облеката негова, така постапувај со секоја загубена работа на ближниот твој, што тој ќе ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш.
4 Ако го видиш магарето на ближ­ниот твој или волот негов, паднати на патот, не оставај ги, туку крени ги со него заедно.
5 Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господ, твојот Бог.
6 Ако најдеш на патот птичје гнездо на некое дрво или на земја, со пилци или јајца, и мајката седи над пилињата или на јајцата, не ја земај мајката заедно со малите:
7 мајката пушти ја, а малите земи ги, за да ти биде добро, и да ти се продолжат деновите твои.
8 Ако градиш нова куќа, направи околу покривот нејзин ограда, за да не падне некој од него, та да навлечеш крв на својата куќа.
9 Да не сееш во лозјето твое семиња од други видови растенија, за да не се осквернат плодот и семињата, со кои ќе го посееш и плодот на лозјето твое.
10 Да не ораш со вол и магаре заедно.
11 Да не облекуваш облека, ткаена мешано од волна и од лен заедно.
12 Направи си рески на четирите краишта од наметката твоја, со која се наметнуваш.
13 Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази,
14 и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа, и каже: „Ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја најдов девица“,
15 тогаш таткото на девојката и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на девојката кај старешините пред портата;
16 и таткото на девојката нека им каже на старешините: „Му ја дадов ќерката моја за жена на овој човек, а тој ја намрази,
17 и ете, обвинува за порочни дела, ве­лејќи: ‚не ја најдов ќерката твоја девица‘; но еве ги девствените белези на ќерката моја.“ И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град.
18 Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат,
19 и да го глобат со сто шекели среб­ро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израелска девица; таа, пак, да си остане негова жена, и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот.
20 Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица,
21 тогаш нека ја доведат девојката пред вратата на татковата ѝ куќа, и градските мажи нека ја каменуваат до смрт, бидејќи извршила срамно дело во Израел, го осквернила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе.
22 Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израел.
23 Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа,
24 тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: девојката поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе.
25 Ако, пак, некој сретне во полето девојка свршена, па ја силува, да биде погубен само мажот, кој лежел со неа,
26 а на девојката не правете ѝ ништо; кај девојката нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој го нападне ближниот свој и го убие;
27 бидејќи тој ја сретнал во полето, а свршената девојка и да викала, немало кој да ја спаси.
28 Ако некој сретне девица несвршена, па ја силува, и ги затечат,
29 тогаш оној, што лежел со неа, да му даде на таткото од девојката педесет шекели сребро, а таа да биде негова жена, бидејќи тој ја осрамотил; преку целиот свој живот тој не може да се разведе од неа.